КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР ЕСЕЈ 2014
„КАКО ДА СЕ НАМАЛИ „ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ“ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?“
Националната асоцијација на престижни академски граѓани го објавува конкурсот за натпревар за најдобар есеј на кој на победникот ќе му бидат покриени трошоците за Work&Travel 2015 програмата во Соединетите Американски Држави под покровителство на Коузон.
ТЕМА НА ЕСЕЈОТ
- Како да се намали „одливот на мозоци“ од Република Македонија? “.
УЧЕСТВО
На конкурсот можат да се пријават само членовите на НАПАГ со статус целосно членство кои ги исполнуваат критериумите за учество во наптреварот.
ФОРМАТ НА ЕСЕЈОТ
Форматот на есејот треба да ги следи следните упатства:
- НАСЛОВНА СТРАНА – насловната страна треба да го содржи името на есејот
- БРОЈ НА ЗБОРОВИ – есејот треба да содржи максимум 2500 зборови.
- МАРГИНИ – текстот треба да биде напишан во фонт Callibri големина 12 со македонска поддршка и проред 1.5.
- ФОРМАТ – ќе се прифатат само есеи во .doc и .docx формат (Microsoft Word).
- ЈАЗИК – есејот треба да напишан на македонски јазик.
КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНА
Есејот треба да понуди најмалку 3 иновативни идеи со образложенија за решавање на горенаведениот проблем.
Есеите ќе бидат евалуирани од страна на комисија составена од тим универзитетски професори според следниве критериуми по ранг:
- Иновативност на идеите
- Валидност на аргументите
- Поставеност на хипотезите
- Структура на есејот
ПРОЦЕС НА АПЛИЦИРАЊЕ
Вашите апликации може да ги доставите само online на email адресата [email protected] не покасно од 16 ФЕВРУАРИ 2015 година. Сите есеи кои ќе стигнат покасно од датумот нема да бидат земени предвид.
За било какви дополнителни информации слободно пишете на [email protected].