П Р О Г Р А М А
За дејствување на Здружението „Национална Асоцијација на Престижни Академски Граѓани“ од Скопје за 2014 година
Визијата на Здружението „Национална Асоцијација на Престижни Академски Граѓани“ е: да стане цврсто вмрежена организација преку креирање на влијателен академски ентитет Мисијата на Здружението „Национална Асоцијација на Престижни Академски Граѓани“ е: да им помогне на успешните ученици, студенти и академски граѓани од сите професии во нивниот кариерен развој преку јакнење на нивните претпремачки вештини.
Стратешки цели на Здружението се: 1. Да се втемели и развие претприемачкиот дух кај успешните ученици, студенти и академски граѓани од сите професии.
2. Да се направи датабаза на сите успешни ученици, студенти и академски граѓани од сите професии која ќе им помогне во нивниот кариерен развој, а истовермено ќе им користи и на работодавачите да ги пронајдат потребните човечки ресурси.
3. Да се оддадат признанија на најуспешните ученици, студенти и академски граѓани од сите професии преку нивна промоција во пошироката јавност како мотивација да продолжат со нивните заложби за личен развој.
4. Да поттикнува и одржува долгорочна и плодна соработка и релации помеѓу престижните академски граѓани од сите преофесии во насока во понатамошниот развој на Република Македонија.
5. Да го промовира духот на академството во средината во којашто членовите на асоцијацијата делуваат.
Здружението„Национална Асоцијација на Престижни Академски Граѓани“ во 2014 година ќе ги реализира следниве активности:
- Донесување на финансиски план за 2014 година;
- Обезбедување на просторија за непречено одвивање на активностите;
- Лобирање кај надлежните институции за промоција на асоцијацијата;
- Зголемување на бројот на членовите, преку анимирање на успешните ученици, студенти и академски граѓани;
- Барање на донации од домашни и странски организации/институции за обезбедување на средства за работа;
- Медиумски настапи за зголемување на видливоста на асоцијацијата;
- Други прашање кои не се предвидени со програмата, а во текот на годината ќе се појават како важни за решавање;
- Соработка со слични организации од земјава и од странство;
- Организирање на настан за промоција на новите членови;
- Организирање на натпревар помеѓу членовите за најдобар есеј на одредена тема;
- Организирање на потребни обуки;
- Изработка на веб страна на асоцијацијата;
- Подготовка на промотивен матерјал за промоција на асоцијацијата.