Политика за заштита на личните податоци
Прибирање на лични податоци
Собирањето на личните податоци се врши во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.
Ние вршиме собирање на личните податоци само доколку испратите интерес за членство во НАПАГ на нашата веб страна и ги прибираме само оние информации кои ни се доставени од ваша страна.
Информации кои ги собираме
Во информациите кои ги собираме спаѓаат: Име и Презиме, Е-маил адреса, и телефон за контакт.
Ние не собираме никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка.
Вашата трансакција ќе биде процесуирана преку системот за наплата од кредитни картички CaSys. Системот користи најнова технологија за заштита на личните податоци и притоа овозможува испраќање на бројот на вашата картичка директно до банката преку сигурна конекција.
Во случај на технички проблем, трансакцијата ќе биде сторнирана и парите ќе ви бидат вратени според прописите на банката.
Користење на личните податоци
Ние ги користиме вашите лични податоци во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.
Ние ќе ги користиме вашите лични податоци единствено за да ви овозможиме пристап до www.napag.mk, за да се исполни и процесира вашата членарина.
Ние нема да ги објавиме, продаваме или правиме достапни на трета страна вашите лични податоци освен на надлежните државни органи на начин и во обем определен со позитивните законски прописи на Република Македонија.
Чување на личните податоци
Вашите лични податоци ќе бидат чувани не подолго од што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем.