С Т А Т У Т на
Здружението НАЦИОНАЛНАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРЕСТИЖНИ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ Скопје
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
НАЦИОНАЛНАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРЕСТИЖНИ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ Скопје (во понатамошниот текст Асоцијацијата) е самостојна, невладина, непрофитна и непартиска асоцијација на граѓани кои во својата земја и пошироко ги остваруваат своите лични и колективни права и слободи.
Член 2
Асоцијацијата дејствува во Република Македонија и меѓународно, соработува со сите организации и институции, а нејзината работа се одвива во согласност со позитивните прописи во Република Македонија, Статутот и останатите акти на Асоцијацијата.
Член З
Асоцијацијата има својство на правно лице со права, должности и одговорности утврдени со овој Статут и Законот за здруженија и фондации.
Асоцијацијата е самостојна во организирањето и остварувањето на своите цели, задачи и активности во согласност со овој Статут и позитивните прописи во Република Македонија.
Член 4
Името на Асоцијацијата гласи: Здружение НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРЕСТИЖНИ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ Скопје, или на англиски јазик NATIONAL ASSOCIATION FOR PRESTIGIOUS ACADEMIC CITIZENS. Скратено име на Асоцијацијата ќе биде НАПАГ или на англиски NAPAG.
Седиште на Асоцијацијата е на ул. Никола Тесла бр. 18 1/48, Општина Карпош, Скопје.
Член 5
Асоцијацијата има печат, штембил и сув жиг.
Печатот на Асоцијацијата е во кружна форма со пречник од 4 сантиметри со впишан текст: Здружение НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРЕСТИЖНИ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ Скопје.
Штембилот има форма на правоаголник во кој е впишано Здружение НАЦИОНАЛНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРЕСТИЖНИ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ Скопје, со рубрики за деловен број, датум и место.
Сувиот жиг има кружна форма, во која е впишано логото на Асоцијацијата.
Член 6
Во работата на Асоцијацијата се употребуваат името и скратеното име запишани во Централниот регистар на Република Македонија. Работата на телата во Асоцијацијата се одвива на македонски и англиски јазик.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА
Член 7
Асоцијацијата е организација која негува долгорочни релации со постоечките и идни успешни ученици, студенти и академски граѓани од сите професии и обезбедува поддршка на истите.
Член 8
Визија на Асоцијацијата е да стане цврсто вмрежена организација преку креирање на влијателен академски ентитет.
Член 9
Асоцијацијата ги има следните цели и задачи:
Основни цели на Асоцијацијата се:
1. Да се втемели и развие претприемачкиот дух кај успешните ученици, студенти и академски граѓани од сите професии.
2. Да се направи датабаза на сите успешни ученици, студенти и академски граѓани од сите професии која ќе им помогне во нивниот кариерен развој, а истовремено ќе им користи и на работодавачите да ги пронајдат потребните човечки ресурси.
3. Да се оддадат признанија на најуспешните ученици, студенти и академски граѓани од сите професии преку нивна промоција во пошироката јавност како мотивација да продолжат со нивните заложби за личен развој.
4. Да поттикнува и одржува долгорочна и плодна соработка и релации помеѓу престижните академски граѓани од сите преофесии во насока во понатамошниот развој на Република Македонија.
5. Да го промовира духот на академството во средината во којашто членовите на асоцијацијата делуваат.
Основни задачи на Асоцијацијата се:
1. Секој член да биде посветен на визијата и целите, како и на другите одредби од статутот, преку предложување и имплементирање иницијативи и иновации поврзани со целосното функционирање на Асоцијацијата.
2. Асоцијацијата да ги организира потребните настани и обуки со цел да се втемели и развие претприемачкиот дух кај сите членови и да им се помогне во нивниот кариерен развој.
3. Секој член морално и колективно да се обврзе дека ќе ги подржува и ќе ги помага активностите на Асоцијацијата, како и на секој член.
4. Членовите да ги почитуваат генералните принципи за солидарност и еднаквост и взаемната почит да биде загарантирана.
Претежна шифра на дејност на здружението е 94.99-дејности на други организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место.
Дејности на делување на Асоцијацијата се:
- наука, образование и обука во образовниот процес,
- претприемништво,
- истражување на задоволството на потрошувачите и нивна заштита,
- развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права,
- помош и заштита на лица со физички или ментален хендикеп, лица со попреченост во развојот и лица со посебни потреби,
- заштита на деца и младинци,
- заштита на маргинализирани лица и нивно социјално вклучување,
- заштита од злоупотреба на дрога, сексуално преносливи болести, малолетничка деликвенција, алкохолизам, проституција и трговија со луѓе,
- здравство, унапредување на здравјето и медицинска грижа,
- уметност, култура и заштита на културното наследство,
- аматерски спорт,
- заштита на животната средина и одржлив развој,
- локален и инфраструктурен развој,
- развој на етиката и моралот,
- хуманитарна и социјална помош, намалување на сиромаштијата,
- справување со елементарни непогоди,
- заштита и грижа за животни,
- унапредување на добротворството и волонтерството и
- Друга дејност од јавен интерес определен со Законот за здруженија и фондации.
Член 10
Своите цели и задачи Асоцијацијата ги остварува преку:
- Остварување на конкретни активности;
- Спроведување на заеднички програмски активности;
- Организирање на заеднички проекти, обуки, трибини, дебати, тркалезни маси,
- Соработка со организации во приватна и државна сопственост, универзитети, институции, амбасади, здруженија, алумни организации и асоцијации;
- Вршење и на други работи во согласност со овој Статут и Законите на Република Македонија.
УСЛОВИ И НАЧИН НА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО АСОЦИЈАЦИЈАТА И ПРАВАТА,
ОБВРСКИТЕ И ОДГОВОРНОСТИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА
Член 11
Во Асоцијацијата може да членува секој кој ги исполнува законските критериуми за членување во организација, а кој ги прифаќа целите и задачите на Асоцијацијата и истовремено да поседува сертификат за успешно завршена обука „И јас можам да имам свој бизнис“ организирана од Центарот за поддршка на бизнисите „Висион Консалтинг“ Скопје.
Член на Асоцијацијата се станува со потпишување на пристапница и не се предвидува никаква членарина.
Членството на Асоцијацијата е слободно и доброволно.
Асоцијацијата води регистар и евиденција на членовите.
Член 12
Основни принципи на работа на Асоцијацијата се:
• Се почитува автономијата и самостојноста на секој член на Асоцијацијата;
• Сите членови на Асоцијацијата се рамноправни и еднакви во остварувањето на правата и обврските;
• Еднаквост во слободата, правата и обврските на секој член без разлика на полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверение, имотната и општествената состојба.
Член 13
Членството во Асоцијацијата престанува по сопствено барање или со исклучување поради непридржување кон одредбите на Статутот или другите акти на aсоцијацијата.
За исклучување одлучува Собранието по предлог на Извршниот одбор.
Член 14
Правата и обврските на членовите на Асоцијацијата се:
- Да раководат со работата на Асоцијацијата, да ги избираат органите и телата на Асоцијацијата и да вршат надзор над нивната работа;
- Да покренуваат иницијативи, предлози заради остварување на целите и задачите на Асоцијацијата;
- Да се придржуваат до овој Статут и актите на органите и телата на Асоцијацијата;
- Да вршат други работи кои се во согласност со Статутот на Асоцијацијата и позитивните прописи во Република Македонија.
Член 15
Одговорноста на членовите на Асоцијацијата се утврдува врз основа на превземените обврски и надлежности во согласност со овој Статут.
Член 16
Во Асоцијацијата можат да членуваат и почесни членови. Како почесни членови на Асоцијацијата можат да бидат и индивидуи кои и покрај тоа што не поседуваат сертификат за успешно завршена обука „И јас можам да имам свој бизнис“ организирана од Центарот за поддршка на бизнисите „Висион Консалтинг“ Скопје, имаат придонесено при обучувањето на учесниците и креирањето и/или реализирањето на визијата, мисијата и целите на Асоцијацијата.
Почесниот член може да биде поканет да учествува на состаноци на Собранието, како и на средбите на Извршниот одбор.
Почесниот член може да учествува во дискусиите при изборот на Застапник на Асоцијацијата, без право на глас.
Најмалку три члена на Асоцијацијата можат да поднесат заеднички предлог до Собранието за избор на почесен член на Асоцијацијата.
Почесен член на Асоцијацијата се станува доколку таквиот предлог е усвоен со 2/3 мнозинство од вкупниот број членови присутни на седницата на Собранието.
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ОРГАНИЗИРАЊЕ
Член 17
Асоцијацијата се организира на институционален принцип.
ОРГАНИ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА И НИВНИТЕ ПРАВА, ОБВРСКИ
И ОДГОВОРНОСТИ
Член 18
Органи на Асоцијацијата се:
- Собрание
- Извршен одбор
- Поткомитети
Асоцијацијата има Застапник, Потпретседател и Генерален Секретар.
СОБРАНИЕ
Член 19
Собранието е највисок орган на одлучување во Асоцијацијата.
Организацијата и работата на Собранието се уредува со Деловник за работа на Собранието и овој Статут.
Собранието на Асоцијацијата го сочинуваат:
- Застапникот на Асоцијацијата
- Потпретседателот на Асоцијацијата
- Генералниот Секретар на Асоцијацијата
- Извршниот одбор на Асоцијацијата
- Другите членови на Асоцијацијата
Член 21
Собранието работи на Пленарни седници, најмалку еднаш во годината.
Седниците на Собранието ги свикува Застапникот на Асоцијацијата по сопствена иницијатива или по барање на Орган на Асоцијацијата.
Член 22
Собранието донесува одлуки со мнозинство гласови од присутните делегати, доколку не е поинаку предвидено со овој Статут.
За работата на Собранието се води записник што го потпишуваат Претседавачот на седницата на Собранието и еден заверувач на записникот.
Член 23
Собранието на Асоцијацијата ги има следниве права, должности и одговорности:
- Донесува Статут, Програма на Асоцијацијата и акт за основање;
- Врши измени и дополнувања на Статутот и Програмата;
- Утврдува насоки за работа на Асоцијацијата;
- Донесува и други акти утврдени со овој Статут;
- Ги усвојува периодичните и годишните извештаи за работа на органите на телата на Асоцијацијата;
- Го донесува буџетот на Асоцијацијата и завршната сметка;
- Одлучува за промена на целта на асоцијацијата;
- Избира Застапник на Асоцијацијата;
- Избира членови на Извршниот одбор на Асоцијацијата на предлог на Застапникот на Асоцијацијата
- Избира Потпретседател на Асоцијацијата од членовите на Извршниот одбор на предлог на Застапникот на Асоцијацијата;
- Избира Генерален Секретар на Асоцијацијата на предлог на Застапникот на Асоцијацијата од членовите на Извршниот одбор;
- Формира работни тела на Асоцијацијата;
- Донесува Деловник за својата работа;
- Одлучува за промена на името на Асоцијацијата;
- Одлучува за престанок со работа на Асоцијацијата едногласно;
- Одлучува за здружување или разделување од друга асоцијација и за зачленување во сојуз и меѓународни организации;
- Врши и други работи што произлегуваат од програмските определби или се утврдени со закон, со други прописи или овој Статут;
Член 24
Правата, должностите и одговорностите на Собранието во итни случаеви ги врши Извршниот одбор на Асоцијацијата, при што има обврска на првата наредна седница на Собранието да поднесе извештај за превземените активности.
ИЗВРШЕН ОДБОР
Член 25
Извршниот одбор е извршен орган на Асоцијацијата.
Извршниот одбор брои 7 членови, со неограничен мандат.
Членови на Извршниот одбор се: Застапникот, Потпретседателот и генералниот Секретар на
Асоцијацијата и четири члена кои се избрани од Собранието.
Двајца членови на Извршниот одбор се и координатори на Поткомитетите на Асоцијацијата.
Член 26
Седниците на Извршниот одбор ги свикува и со нив раководи Застапникот на Асоцијацијата.
Седниците на Извршниот одбор се свикуваат по предлог на Застапникот на Асоцијацијата по сопствена иницијатива или по барање на Орган на Асоцијацијата.
Член 27
Извршниот одбор полноважно може да работи и одлучува доколку на седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број на членови.
Извршниот одбор своите одлуки ги донесува со јавно гласање, со мнозинство од присутните членови, доколку со овој Статут не е предвидено поинаку.
Извршниот одбор одлучува само за прашања од дневниот ред на состанокот, а дискутира и за други надвор од него.
За работата на Извршниот одбор се води Записник кој се усвојува на наредната седница, а го потпишуваат Застапникот на Асоцијацијата и Генералниот Секретар.
Извршниот одбор се среќава најмалку еднаш квартално.
Член 28
Извршниот одбор ги има следните права, должности и одговорности:
- Го организира тековното работење на Асоцијацијата;
- Ги подготвува седниците на Собранието на Асоцијацијата;
- Го подготвува нацртот на статутот и другите одлуки што треба да ги донесе Собранието;
- Му предлага ставови и заклучоци на Собранието;
- Ги гради и реализира ставовите на Асоцијацијата;
- Ги реализира ставовите и заклучоците на Собранието;
- Го усвојува финансискиот план на Асоцијацијата на предлог на Застапникот на Асоцијацијата;
- Одржува постојаност во работата на Поткомитетите;
- Може да формира стручна служба и да врши контрола врз нејзината работа;
- Ги води преговорите за склучување соработка со други организации и навремено ги информира членовите на Асоцијацијата за истите;
- Управува и одговара за управувањето со имотот на Асоцијацијата;
- Подготвува годишен или периодичен извештај за својата работа;
- Донесува Деловник за својата работа;
- Именува потписници на жиросметката на Асоцијацијата; и
- Извршува и други работи што ќе му ги довери Собранието на Асоцијацијата и што произлегуваат од овој Статут.
Член 29
За својата работа Извршниот одбор одговара пред Собранието на Асоцијацијата.
Собранието на Асоцијацијата може да го отповика Извршниот одбор, или одделен негов член единствено со согласност од Застапникот на Асоцијацијата.
Предлогот за отповикување на Извршниот одбор или одделен негов член може да поднесе орган на Асоцијацијата.
Предлогот за отповикување мора да биде даден во писмена форма за гласање на Собранието.
ЗАСТАПНИК НА АСОЦИЈАЦИЈАТА
Член 30
Асоцијацијата има Застапник.
Застапникот на Асоцијацијата своите права и должности ги врши врз основа на овој Статут и актите на Собранието.
Во случај на привремена спреченост на Застапникот на Асоцијацијата, него го заменува Потпретседателот или Генералниот Секретар, а по овластување на Застапникот.
Член 31
Кандидат за Застапник на Асоцијацијата може да биде член на Асоцијацијата, кој е со постојано место на живеење во Република Македонија и доколку има поддршка од најмалку 5 од членовите на Асоцијацијата.
За избран се смета оној кандидат кој добил мнозинство гласови од вкупниот број делегати присутни на седницата на Собранието.
Постапката за избирање на Застапник на Асоцијацијата е објаснет во Анекс 1.
Мандатот на Застапникот на Асоцијацијата е неограничен.
Член 32
Застапникот на Асоцијацијата ги има следните права, должности и одговорности:
- Свикува седници на Собранието и Извршниот одбор;
- Ја спроведува политиката на Асоцијацијата;
- Ја претставува и застапува Асоцијацијата или назначува член за застапување;
- Го координира функционирањето на Асоцијацијата;
- Ги следи општите интереси на Асоцијацијата и ги штити интересите на сите членови на Асоцијацијата преку следење на општите и специфичните принципи од Визијата и целите на Асоцијацијата;
- Се грижи за спроведувањето на одлуките, заклучоците и другите акти на Асоцијацијата;
- Ги потпишува актите на Асоцијацијата;
- Предлага програма за развој на Асоцијацијата;
- Предлага начин и форми на финансирање на Асоцијацијата;
- Предлага кандидати за Потпретседател и Генерален Секретар на Асоцијацијата;
- Дава согласност за отповикување на член на Извршен одбор без која членот неможе да биде отповикан.
- Врши други работи што ќе му ги довери Собранието, Извршниот одбор или кои произлегуваат од Статутот.
Член 33
Функцијата Застапник на Асоцијацијата престанува:
- По сопствено барање и
- Со разрешување од Собранието на Асоцијацијата, со едногласна одлука од сите присутни делегати на седницата;
Предлог за разрешување на Застапникот може да поднесат:
• Орган на Асоцијацијата и
• Најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Асоцијацијата.
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА
Член 34
Собранието на Асоцијацијата со мнозинство гласови од вкупниот број на делегати присутни на седницата избира Потпретседател, на предлог на Застапникот на Асоцијацијата.
Мандатот на Потпретседателот е неограничен.
Член 35
Потпретседателот врши работа од делокругот на Застапникот што ќе му ја довери тој или Друг орган на Асоцијацијата.
Член 36
Функцијата на Потпретседателот му престанува:
• По сопствено барање, и
• Со разрешување од Собранието на Асоцијацијата, со едногласна одлука од сите присутни делегати на седницата.
Предлог за разрешување на Потпретседателот може да поднесат:
• Орган на Асоцијацијата и
• Најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Асоцијацијата.
ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА АСОЦИЈАЦИЈАТА
Член 37
Генералниот Секретар на Асоцијацијата го избира Собранието по предлог на Застапникот со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број делегати присутни на седницата на Собранието.
Мандатот на Генералниот Секретар трае 7 години, со право на реизбор.
Член 38
Генералниот Секретар ги има следните права, должности и одговорности:
- Ги подготвува седниците на органите на Асоцијацијата;
- Ги координира активностите за спроведување на одлуките, заклучоците и ставовите на органите и телата на Асоцијацијата;
- Ја води архивата на Асоцијацијата;
- Ја води кадровската политика на Асоцијацијата;
- Ја организира и раководи со стручната служба на Асоцијацијата;
- Врши други работи што ќе ги доверат органите на Асоцијацијата;
Член 39
Функцијата на Генералниот Секретар на Асоцијацијата му престанува:
- По сопствено барање; и
- Со разрешување Собранието на Асоцијацијата, со 2/3 мнозинство од сите присутни делегати на седницата.
Предлог за разрешување на Генералниот Секретар на Асоцијацијата може
да поднесат:
- Орган на Асоцијацијата и
- Најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Асоцијацијата.
ПОТКОМИТЕТИ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА
Член 40
За тековното работење на Асоцијацијата се формираат поткомитети.
Секој член на Асоцијацијата одбира во кој Поткомитет сака да делува со цел да се одржи ефективно исполнување на целите на Асоцијацијата.
Со одобрение од страна на членовите, Застапникот по предлог од Извршниот одбор може да го назначи секој член кон одреден Поткомитет, зависно од неговото академско и работно искуство.
Секој член може да учествува на состаноците на друг Поткомитет, без право да учествува во донесувањето на крајните одлуки, и секој Поткомитет може да соработува и да побара помош при реализирањето на активностите од друг Поткомитет.
Член 41
Секој Поткомитет има координатор кој се избира со мнозинство гласови од сите членови на Поткомитетот. Координаторот воедно е и член на Извршниот одбор.
Координаторот на Поткомитетот треба да е минимум 1 година член на Асоцијацијата. Во првата година координаторот на Поткомитетот го назначува Извршниот одбор по предлог на Застапникот на Асоцијацијата.
Координаторот на Поткомитет е одговорен да ги води состаноците на Поткомитетот, да ги координира членовите со цел да се обезбеди навремено реализирање на активностите, и по барање на Извршниот одбор да достави консолидиран извештај.
Член 42
Поткомитетите ќе се состануваат најмалку 1 квартално. Оние членови кои од оправдани причини нема да се во можност да присуствуваат ќе бидат информирани за што било дискутирано на состанокот и ќе им бидат доделени задачи доколку е потребно.
Во случај на 3 последователни неоправдани отсуства на член на Поткомитетот координаторот е должен да го информираат Извршниот одбор.
Тој во согласност со Застапникот има за право да му го одземе правото на информирање и учество во период од 3 месеци.
Член 43
Одлуките на Поткомитетите се донесуваат со мнозинство гласови од сите членови. Доколку на состанокот се присутни повеќе од половина членови и едногласно се одлучи, може да се донесат одлуки и со мнозинство гласови од присутните.
Член 44
Асоцијацијата има 2 Поткомитети:
1. Поткомитет за природни науки
2. Поткомитет за општествени науки
АД ХОК ПОТКОМИТЕТИ
Член 45
Привремен ад хок Поткомитет може да биде предложен од страна на Извршниот одбор со цел да се постигнат целите на Асоцијацијата.
Членовите се предложени од Извршниот одбор и секој од нив го потврдува своето членство. Крајниот состав го потврдува Застапникот и го назначува координаторот.
Член 46
Ад хок Поткомитет се формира за исполнување на одредени активности и со реализирање на истите неговото постоење прекинува.
ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА
Член 47
Асоцијацијата ја претставуваат Застапникот или Потпретседателот.
По писмено овластување на Застапникот, Асоцијацијата може да го претставува било кој член од Извршниот комитет.
СРЕДСТВА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА, НАЧИН НА СТЕКНУВАЊЕ И РАСПОЛАГАЊЕ
Член 48
За остварување на своите цели и задачи, Асоцијацијата стекнува средства, и со нив располага во согласност со овој Статут и Закон.
Член 49
Асоцијацијата стекнува парични средства, предмети и материјални добра што се обезбедуваат од:
- Субвенции;
- Доброволни прилози;
- донации;
- подароци;
- приходи.
Овие средства се употребуваат за остварување на целите утврдени со овој Статут.
Член 50
Стекнувањето, користењето и располагањето со средствата на Асоцијацијата се врши на начин утврден со општи прописи, со Законот и со овој Статут.
Член 51
Средствата на Асоцијацијата можат да се користат само за намени утврдени со финансискиот план и врз основа на соодветен документ.
Наредбодавач за извршување на финансискиот план, а во согласност со Законот, го утврдува Извршниот одбор на Асоцијацијата
ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА РАБОТАТА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА
Член 52
Асоцијацијата обезбедува известување на јавноста преку:
• Обезбедување на непречено присуство на нејзините членови на седниците на органите и телата на Асоцијацијата, освен доколку Извршниот одбор донесе едногласна одлука за одржување на седница зад затворени врати.
• Достапност на извештаи и другите материјали до членовите и заинтересираните лица
• Асоцијацијата може да ја информира јавноста за работењето и по пат на: свои соопштенија и гласила, давање на информации на средствата за јавно информирање, одржување на конференции, стручни и други собири и создавање на други услови за запознавање на јавноста за своето работење.
ПРЕСТАНУВАЊЕ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА СО РАБОТА И РАСПОЛАГАЊЕ НА
НЕЈЗИНИОТ ИМОТ ВО СЛУЧАЈ НА ПРЕСТАНОК
Член 53
Асоцијацијата може да престане со работа доколку:
- За тоа едногласно одлучат присутните делегати на Собранието на Асоцијацијата;
- Бројот на своите членови се намали под бројот определен со Законот;
- Настапи било која од причините утврдени со Закон, за престанок со работа на Асоцијацијата.
- Во случај на престанок со работа на Асоцијацијата имотот и средствата остануваат во сопственост на Црвениот крст и црвената полумесечина на Република Македонија.
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА СТАТУТОТ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА
Член 54
Иницијативата за измени и дополнувања на Статутот на Асоцијацијата може да поднесе секој орган или работно тело на Асоцијацијата или најмалку 2/3 од членовите на Асоцијацијата.
Член 55
Иницијативата за измени и дополнувања на Статутот се поднесува во писмена форма до Собранието.
Одлука за измени и дополнувања на Статуот на Асоцијацијата се донесува со едногласна одлука од сите присутни делегати на Собранието на Асоцијацијата.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 56
Прашањата кои не се регулирани со овој Статут ќе се регулираат со акти на Собранието.
Член 57
Толкувања на одредбите на овој Статут дава Собранието, а помеѓу две седници на Собранието дава Извршниот одбор.
Член 58
Овој Статут влегува во сила на денот на донесувањето, а се применува од денот на регистрацијата на Здружението на граѓани во Единствениот регистар што го води Централниот Регистер на Р.Македонија.
АНЕКС 1
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој анекс се уредува постапката за избирање на Застапник на Национална Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (вопонатамошниот текст Застапник)
РАСПИШУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ
Член 2
Извршниот одбор ќе предложи членови за ад хок комитет за одржување на регуларноста на изборите (во понатамошниот текст Изборен комитет) и Застапникот ќе го потврди најкасно 45 дена пред одржување на изборите.
Член 3
Постапката за изборот на Застапник ја распишува Изборниот комитет.
ПРЕДЛАГАЊЕ И УТВРДУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ
Член 4
Кандидат за Застапник може да предложат најмалку 5 членови на Асоцијацијата.
Ист член може да биде предлагач само на еден кандидат за Застапник нa Асоцијацијата.
Кандидат за Застапник може да биде лице кое ги исполнува условите за избор на Застапник во Статутот на Асоцијацијата.
Член 5
Листа со име, татково име и презиме на секој предлагач, програма и писмена изјава на предложените кандидати за прифаќање на кандидатурата, доставува секој кандидат до Изборниот комитет 40 дена пред одржување на изборите.
Член 6
Кандидатот за Застапник може да се откаже од кандидатурата најдоцна 15 дена пред одржување на изборите.
Член 7
Изборниот комитет 1 месец пред завршување на мандатот на тековниот Застапник ќе ги објави утврдените кандидати.
ОДРЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ
Член 8
Доколку има повеќе од 3 кандидати се одржуваат изборите во 2 круга.
Гласањето за првиот круг се одвива преку пошта со што пребројувањето на гласови ќе се одржи на понеделникот пред последниот ден недела во ноември од страна на Изборниот комитет.
Тројцата кандидати кои се рангираат со најмногу гласови од вкупниот број на гласови продолжуваат во втор круг.
Член 9
Тројцата кандидати ги претставуваат своите програми пред членовите на Собранието. По презентациите се одржува тајно гласање и кандидатот со мнозинство гласови од вкупниот број делегати присутни на седницата на Собранието е назначен за Застапник.
Член 10
Во рок од 15 дена од изборот на новиот Преседател секој Поткомитет предложува координатор кој ќе биде назначен за член на Извршниот одбор од страна на новоизбраниот Застапник.
ДАВАЊЕ ИЗЈАВА
Член 11
Откако изборниот комитет ќе ја потврди регуларноста на одржаните избори новоизбраниот Застапник ја презема должноста Застапник на Национална Асоцијација на Престижни Академски Граѓани преку давање на изјава:
„Изјавувам дека функцијата Застапник на Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани ќе ја вршам совесно и одговорно, ќе го почитувам Статутот и ќе ги штитам визијата, мисијата и интегритетот на Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани “.
Во Скопје, на ден 02.04.2014 година