Општи податоци
Александра Шаламанова
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”-Скопје; Економски факултет; Прв циклус на студии (додипломски)
VIII (осми) семестар, просек 9,56
Кои три досегашни твои активности /работни ангажмани би ги потенцирал/a како најважни за тебе?
- Едномесечна пракса во Стопанска Банка АД – Струмица; 2012
- Едномесечна пракса во ДОО “Тотал Медиа Продукција”; 2014
- Учество на голем број национални натпревари по бизнис и претприемништво, меѓу кои и добитник на прва награда на државниот натпревар “Skills for employability”, 2011 год.
Кои се твоите три најсилни вештини?
- Комуникативност
- Одговорност и амбициозност
- Посветеност
Кои се твоите три најголеми интереси/хоби?
- Вежбање пилетес
- Патување
- Читање книги
Кои три семинари/обуки на кои си учевствувал/а би ги издвоил/а како најважни?
- “Life Tools Academy” – сертифицирана академија за развој на креативни, иновативни и бизнис-вештини организирана од страна на НАПАГ ; 2015
Како мислиш дека посетата на LifeToolsAcademy ќе ти помогне во твојот личен и кариерен успех?
Посетата на Life Tools Academy ми е едно ново и големо искуство, пред се со тоа што ги прошири моите познавања од областа на бизнисот и претприемништвото. Ја поттикна мојата креативност, иницијативност и начинот на размислување при решавање на секој проблем. Сметам дека единствено со посетата на ваков вид на обуки може да се надогради тоа што во формалното образование му недостига и после обуката да излеземе како комплетни личности на пазарот на трудот.
Каде се гледаш по завршувањето на образованието?
Во кратка иднина се гледам како вработена во фирма каде што работата би ме исполнувала и каде би можела да го применам моето знаење и да стекнам ново искуство. Би сакала да ги продолжам магистерските студии надвор од државата. По враќањето би сакала да го продолжам фамилијарниот бизнис.
Comments are closed.