Општи податоци
Име и презиме: Ана Вавлукис
Факултет и циклус на студии: Фармацевтски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” ; прв и втор циклус интегрирани студии за магистер по фармација
Семестар: осми семестар
Просек: 9.8
Кои три досегашни твои активности /работни ангажмани би ги потенцирал/a како најважни за тебе?
- Предавач на семинар на тема „Антимикробна резистенција и рационална употреба на антибиотици” во соработка на студентскиот парламент при Фармацевтскиот факултет во Скопје и студентската асоцијација при Медицинскиот факултет во Скопје, со цел одбележување на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици;
- Потпретседател на студентскиот парламент при Фармацевтскиот факултет во Скопје;
- Волонтирање во аптека;
- Учество на многубројни државни натпревари на полето на хемијата, математиката, екологијата и странските јазици;
Кои се твоите три најсилни вештини?
- Амбициозност и желба за континуирано надоградување и усовршување;
- Тимска работа и организациска способност;
- Комуникативност, упорност, снаодливост;
Кои се твоите три најголеми интереси/хоби?
- Создавање нови пријателства, дружење, патување;
- Постојано следење на новости во областа на фармацијата и медицината;
- Научно-истражувачка работа
Кои три семинари/обуки на кои си учевствувал/а би ги издвоил/а како најважни?
- Семинар на тема „Биослични лекови: ИМА ЛИ РАЗЛИКА” во организација на Центарот за континуирана едукација при Фармацевтскиот факултет во Скопје;
- Обука за комуникациски вештини кај фармацевтите, организирана од Македонската асоцијација на студенти по фармација (МПСА);
- Вебинар на тема: „Важноста на континуираниот професионален развој (CPD)”
Каде се гледаш по завршувањето на образованието?
По завршување на образованието се гледам како вработена во фармацевтска компанија, во оддел за контрола на квалитетот на лековите или за фармацевтска технологија и производство, пропратено со запишување и успешно завршување на докторски и специјалистички студии во една од горенаведените области.
Comments are closed.