Општи податоци
Име и презиме: Вилдан Дрпљанин
Факултет и циклус на студии: Правен факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Република Македонија, прв циклус на студии
Семестар и просек: Петти семестар, просек 9.71
Кои три досегашни твои активности /работни ангажмани би ги потенцирал/a како најважни за тебе?
- Член на младински образовен форум(МОФ) од 01.09.2011 и се уште активен. Бев ученик во трета година во СУГСГ „Јосип Броз-Тито“ кога станав член на дебатната програма на МОФ. Најпрвин започнав како збунет дебатер кој што слуша предавања во почетна група. Луѓето кои што ги запознав не бараа еден точен одговор како што бев учен целиот мој живот, туку прифаќаа безброј одговори за точни, единствено доколку можев логички да ги поткрепам. Импактот што го имаше дебатата врз мене се одрази и врз начинот на кој што ги разбирав работите што ги учев во формалното образование, повеќе се интересирав, повеќе прашував, едноставно повеќе ја барав логиката зад работите кои што ми беа сервирани. По завршувањето на средното образование, заедно со неколку предавачи, решивме да создадаме дебатен клуб во нашата сега веќе поранешна гимназија, клуб во кој што јас ја вршев улогата на дебатен асистент. Тоа беше првиот дебатен клуб во средно училиште. Сега, пет години подоцна, веќе втора година сум дебатен предавач во дебатниот клуб при СУГСГ „Јосип Броз-Тито“ бидејќи чувствувам должност да го вратам тоа што го добив, на идните и сегашните средношколци и студенти да им го овозможам тоа што ми беше овозможено на мене, место на кое што ќе можат слободно да се изразуваат и место кое што ќе им понуди простор да станат подобри.
- Учество на државниот натпревар за најдобар бизнис план за средни училишта, спроведен од Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење. Овој натпревар ми овозможи да го осознаам значењето на претприемништвото и неопходноста од креативни идеи кои што ни го прават животот поедноставен. При создавањето на бизнис планот успеав многу да научам за тоа како се прават квалитетни анализи од кои што зависи успешноста на еден бизнис и како се решаваат непредвидени проблеми. Понатаму, ја имав можноста да се запознаам со многу млади претприемачи кои што веќе имаат успешен бизнис зад себе и кои што беа спремни да го споделат своето знаење. Конечно, благодарение на овој натпревар, ја сфатив неопходноста една идеја да биде презентирана во вистинско време, бидејќи единствено на тој начин може да успее. Награда за најдобра презентација на бизнис план идеја во конкуренција од повеќе од 70 средни училишта на национално ниво (2013).
- Националното дебатно првенство 2013 на кое го освоив второто место и европското универзитетско дебатно првенство 2014 на кое учествував заедно со неколкумина колеги од Правниот факултет. Дебатата ми овозможи да согледам дека ни една проблематика нема само две страни, само две бои црна и бела, туку дека постои цела палета составена од многу бои кои што можат да се согледаат само во ситуации кога сум принуден да бранам гледишта кои што се директно спротивни на моите лични гледишта надвор од дебатата и да се ставам во кожа на луѓето со кои што не се согласувам, најмалку до крајот на дебатата.
Кои се твоите три најсилни вештини?
- Дисциплина. Конструктивно и навремено завршување на обврските и исполнување на зададените цели.
- Комуникативност. Тимска работа и координирање на големи групи на луѓе, добри вештини за организирање на настани, стекнати преку организација на настани за ЛМС Чаир и учество во логистика и организација на повеќе дебатни турнири и настани за МОФ.
- Јавно говорништво. Способност за држење говори без претходна подготовка, стекната преку долгогодишно практикување дебата, учество на повеќе дебатни турнири и членување во невладини организации.
Кои се твоите три најголеми интереси/хоби?
- Дебата. Член на дебатниот клуб на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и дебатен предавач во дебатниот клуб СУГСГ „Јосип Броз-Тито“.
- Активизам. Член на иницијативата за формирање локален младински совет во општина Чаир.
- Младинско учество и младински политики. Спроведувач на обука „Организација на настани и нови медиуми“.
Кои три семинари/обуки на кои си учествувал/а би ги издвоил/а како најважни?
- Меѓународна обука во склоп на проектот Debate in the neighborhood International Debate Educational Organisation организирана од International Debate Еducation Аssociation(IDEA), во Амстердам(Холандија). Обука која што беше посветена на изучувањето посебна методологија за работа со маргинализирани групи, младинска ангажираност и еманципација на млади.
- Летна школа „Speak up for tolerance“ организирана од European Union 'Youth in Action' Programme, во Шолта(Хрватска). Летна школа базирана на анти-дискриминација, слобода на говор и мултикултурализам.
- Студиска посета за младинско организирање организирана од Европска Унија(Регионална ИПА програма), во Солун(Грција). Студиска посета на градот на младите за 2014, Солун, водена од идејата за формирање младински совет во секоја општина.
Каде се гледаш по завршувањето на образованието?
Секоја држава создава свој правен свет, државите ја имаат таа моќ да одлучуваат што ќе биде легално/дозволено, а за што следува казна. За жал, неретко се случува со одреден правен акт да се повредуваат фундаментални човекови права на одредена група на луѓе. Токму во областа на зашитата на човековите права ја гледам својата иднина бидејќи така ќе можам да ја искористам моето знаење и способност од областа на правото за да ги застапувам оние кои не секогаш можат да го направат тоа за себе.
Comments are closed.