Општи податоци
Емилија Крстевска
Медицински Факултет – прв циклус на студии
5-та година – 10-ти семестар просек 8.64
Кои три досегашни твои активности /работни ангажмани би ги потенцирал/a како најважни за тебе?
Посебно сум заинтересирана да го проучувам полето на семејна медицина – при што досега имам вкупно 6 месечна практикантска работа во ординација кај матичен дорктор кој воедно е специјалист по медицина на трудот.
Својот понатамошен развој го гледам на ова поле, па токму затоа факултативно за време на студиите имам посетено обуки организирани од страна на Центарот за семејна медицина.
Последниве 2 години се ангажирам околу формално осознавање од областа на медицински истражувачки трудови преку учество на:
Охрид 2013 – Сертификат за пасивно учество на 36 (триесет и шестти) Медицински интернационален научен конгрес за студенти и млади лекари во организација на ММСА
Охрид 2014 – Сертификат за активно учество (со труд) на 37 (триесет и седми) Медицински интернационален конгрес за студенти и млади лекари во организација на ММСА.
Тема на трудот – Неколку ризик фактори асоцирани со коронарна артериска болест во менопауза кај жените објавено во Abstract book на 61 стр.
Кои се твоите три најсилни вештини?
- Одговорност и сериозен пристап,
- Комуникација и сослушување на соговорникот и
- Отвореност кон нови предизвици на професионален план
Кои се твоите три најголеми интереси/хоби?
- Работа на дополнителни проекти во НВО и
- Создавање нови пријателства, дружење – кино, театар, кафе.
- размена на искуства, ставови и размислувања со колегите.
Кои три семинари/обуки на кои си учевствувала би ги издвоила како најважни?
- За најважен со сметам последниот истражувачки труд кој усмено како носител на трудот го презентирав на Медицински интернационален конгрес за студенти и млади лекари во организација на ММСА кој во себе вклучуваше анализа за факторите асоцирани со коронарна артериска болест во менопауза кај жените
- Сертификат за присуство на континуирана медицинска едукација за Комуникациски веттини организирана од Центар за семејна медицина.
- Сертификат за присуство на континуирана медицинска едукација Медицински професионализам организирана од Центар за семејна медицина
Каде се гледаш по завршувањето на образованието?
Планот ми е да започнам од примарната медицинска заштита, значи за почеток како матичен лекар – која работа очекувам да ми создаде генерална претстава за општите карактеристики и начинот на детекција и лекување на разноврсни заболувања кај пациентите. Тоа е секако она што е мој план во наредните 3-5 години лекарска практика. Понатаму имам неколку полиња на интерес во врска со дополнителна специјализација во медицинската наука.
Comments are closed.