ЗДРАВЈЕ РАДОВО, како иновативна компанија со висок степен на општествена одговорност, продолжува со праксата на поддршка на иницијативи за личен развој на најталентираните студенти од областа на економските науки. За таа цел, во соработка со Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ), го распишуваат овој оглас за
СТИПЕНДИИ
на 3 најдобри студенти од економските факултети во Република Македонија за присуство на сертифицираната академија за развој на креативни, иновативни и бизнис-вештини
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
– Студентот да има комплетирано најмалку една година од студии на прв циклус, на било кој од економските факултети во Република Македонија
– Студентот да има просек повисок од 8.50
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
– Фокопија од потврда или страница во индекс за заверен трет семестар или повеќе
– Приложен индекс
– Краткa биографија (CV)
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Студентите да се пријават електронски на [email protected] или на телефонскиот број 071 259 345 со оставање на податоци за нивно име, презиме, факултет, година, просек, контакт-телефон и email.
4. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Последниот рок за пријавување е 20.01.2014 година
5. ОПИС НА СТИПЕНДИЈАТА
– Ќе се стипендира личниот развој на 3 најуспешни студенти од економските факултети во Република Македонија кои ќе имаат привилегија да присуствуваат на Life Tools Academy (LTA), првата и единствена тримесечна сертифицирана академија чија цел е да го надгради нивниот голем потенцијал преку стекнување вештини неопходни за успех во 21виот век и кои се барани од работодавачите. Повеќе детали за академијата може да се најдат на: http://visionco.mk/wp/?page_id=1062
Дополнително, избраните стипендисти ќе се стекнат и со статус целосно членство во НАПАГ.
6. СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
– Процесот на селекција ќе се направи врз основа на пратените апликации, при што само селектираните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју. Кандидатите кои ќе бидат избрани да ја добијат оваа стипендија, ќе присуствуваат на академијата која започнува во февруари 2015 година.
Comments are closed.