„Студирајте го тоа што го сакате, бидете посветени и имајте желба за учење и лично усовршување!“
1. Kojа e Аделина Фејза?
Јас сум личност која потекнува од едно интелектуално семејство кое секогаш ми билo подршка, инспирација и пример во сите ситуации од животот.
Основно и средно образование имам завршено во Кичево, а високото образование и магистерските студии ги имам завршено во Скопје поточно на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј. Моментално сум соработник во настава на истиот факултет, во Институтот за високоградба и Институтот за графички комуникации.
Во мене секогаш постоела љубовта кон архитектурата, а таа се повеќе и повеќе се зголемува со текот на времето бидејќи јас сметам дека ние архитектите можеме да влијаеме кон подобро и кон поквалитетно живеење за сите луѓе.
2. Што значи за тебе да си еден/една од најдобрите студенти на твојот факултет?
Најважната работа од сé е да се стекнеме со образованието што ни го нуди факултетот и да си се надоградуваме самите себеси со цел да бидеме што е можно повеќе комплетирани и способни за понатамошна работа.
Во текот на моето образование сите признанија, стипендии, и награди што сум ги добила никогаш не ми биле примарна цел туку тие претставуваат резултат на мојот труд, волја за учење и амбиција да постигнам нешто повеќе во животот.
3. Што те разликува тебе од останатите студенти?
Секој студент е добар на свој начин и мислам дека секој би можел да успее доколку ја студира професијата што ја сака и за која што е способен; доколку е максимално посветен, има желба за учење и усовршување на самиот себеси.
Во животот сé се постигнува доколку имаш доверба во себе, волја за работа и истражување, трпение и оптимизам. Мене овие карактеристики ме водат до ден денес и истите се клучни за мојот досегашен успех.
4. Која е твојата лична визија?
Мојата лична визија во однос на професионалниот и приватниот живот е да успеам да ги реализирам сите мои цели што ги имам и што ќе ги воспоставам во текот на животот, со цел да постигнам значаен личен успех кој што ќе ме исполнува, а со тоа паралелно и значаен придонес во општеството и во областа на архитектурата.
5. Наброи 3 работи кои ти останаа во сеќавање од посетената сертифицирана академија Life Tools Academy и ќе ти помогнат во животот.
Најпрво би сакала да издвојам дека Life Tools Academy ми помогна да се стекнам со вештини кои се неопходни за успех во 21 век. Со тоа го проширив мојот хоризонт на знаења и во други области освен знаењата од мојата струка. Тоа што највеќе ми остана во сеќавање е модулот “Генерирај иновативни идеи” и “Надогради ги своите лични вештини” со сите нивни алатки кои што ги учевме и ги демонстриравме на некој начин. Истотака незаборавно е и дружењето кое што ни ја овозможи оваа академија со најдобрите студенти од разични факултети.
6. Во наредните 5 години, планираш да останеш во Македонија или да заминеш од државата?
Јас ќе се трудам да ги постигнам моите цели тука во Македонија бидејќи сепак “дома си е дома”, се додека мојот труд е признаен и вреднуван онолку колку што реално заслужува, би останала; во спротивно не ја исклучувам можноста за напредок и усовршување во странство.
Comments are closed.