„Кога ја работиш работата што ја сакаш, тогаш не работиш, туку уживаш!“
Kojа e Корнелија Ѓорѓиеска?
Лик кој секојдневно се соочува со предизвиците на животот, тврдоглаво и упорно трагајќи по нови, речиси невозможни за остварување. Тоа и претставува двигател и најголема пасија кон која се стреми постојано. Упорноста и е доблест што ја избавува секогаш од сите нејзини тешкотии и удари кои и ги задава секојдневно животот. Сака да остави реален впечаток за себе. Не е пристрасна, дури понекогаш е и премногу самокритична. Маана или доблест, кој би рекол ? Не се откажува лесно, постојано пронаоѓа нови авантури кои ќе и ја зголемат самодовербата секогаш кога поминува низ нив. Живее со ентузијазам. Смета дека животот е премногу краток и дека треба да се види се. Обожава да патува, да осознава нови работи. Да спортува и да се грижи за своето здравје. Искреноста е нешто што го цени највеќе. За кариерата пак, да не зборуваме. Тоа е она без кое таа не може. Тоа е она во кое таа ужива. Обожава кога е во круг на позитивни луѓе. Луѓе со став. Во нив се пронаоѓа. Не поднесува лицемерие. Малите нешта ја прават особено среќна. Смета дека во нив се состои смислата на животот. План за своја иднина -Сака да стане човек вреден за паметење.
Што значи за тебе да си еден од најдобрите студенти на твојот факултет?
Секогаш кога ќе ја погледнам листата, кога се пронаоѓам себеси гордо се насмевнувам и ми е особено драго што сум дел од нив. Ми претставува особена чест и задоволство што се наоѓам таму.Тој факт е мој поттик за мои, дополителни успеси во иднина. Сепак, иднината на нас младите останува нели ?
Што те разликува тебе од останатите студенти?
Во секого се крие нешто автентично, нешто кое не би можеле да го најдеме во ниеден друг. Тоа ја прави личноста уникатна и свое лимитирано издание. Она моето е комбинација од желба-организација-амбиција-упорност-итрајност-реализација-награда. Практикувајќи го ова, речиси секогаш ќе се соочувате со успеси. Или барем ќе ги доближете до Вас или насочите кон Вас. Пробајте,ќе се уверите самите во тоа J
Која е твојата лична визија?
Пронаоѓање баланс меѓу приватен и професионален живот. Таа вага сметам дека ретко кој знае добро и умешно да ја балансира.
Наброј 3 работи кои ти останаа во сеќавање од посетената сертифицирана академија Transmet Academy и ќе ти помогнат во животот.
- На прв поглед се чувствуваше разликата меѓу нас, но заедно успеавме да се сплотиме во една толку добра целина која секогаш пленеше со жар и огромна желба за успех.
- Прекрасната енергија од која не можев да се заситам, секогаш барајќи се повеќе и повеќе.
- Сите тие алатки кои ги научив и за кои сум особено благодарна. Сметам дека ќе ми бидат од особена полза и ќе се трудам да ги применувам што е можно повеќе во иднина.
Во наредните 5 години, планираш да останеш во Македонија или да заминеш од државата?
На ова мое егсистенцијално прашање не би можела да одговорам со сигурност каде би сакала да бидам. Но многу добро знам што сакам да бидам. Јасно дефинирано е тоа во мојата глава. Мојата мотивација би се издигнала на највисоко ниво доколку би била вреднувана онолку колку што навистина заслужувам. Не би била посреќна доколку тоа би го пронашла тука- дома. Но, сите ја знаеме денешната ситуација, тоа со кое се соочуваме секојдневно, но само оние кои искусиле живот во странство знаат дека ни таму не е се така розово како што многумина мислат, дека ни таму не е се совршено и не е онака како што навидум изгледа. Не можеме да компарираме црно или бело, секаде се соочуваме со нијансите измеѓу тие две бои. Да се остане тука или да се замине?!? Што е правилно ? Вечното прашање кое го копка секој студент па и мене исто така. Кој би знаел? Мојата љубопитност ме води да искусувам нови работи и да се соочуваам со нови предизвици, па поради тоа сметам дека би пробала и живот во странство. Доколку ми се пружи реална прилика за тоа сигурно не би ја одбила. Зошто да не ? Големите шанси се раѓаат ретко. Нормално, ниедно место не е како дома, ниедно место нема да се чувствуваш дека навистина припаѓаш како тука но ако не би пробала сега кога ќе можам повторно да го сторам тоа ? Шансите се намалуваат. На крајот на краиштата,секогаш можеме да се вратиме тука. Побогати со знаења, воедно и поискусни. Поумешни и постручни. Сепак, нема поубаво чувство од она кога знаеш дека правиш добра работа. Дека успеваш на некому да му подариш здравје. Да помагаш. Грижејќи се за него онака како што би се грижел и тој самиот. И кога знаеш дека го работиш тоа со огромна љубов. Тогаш уживаш правејќи ја работата што ја сакаш најмногу. За тебе не постои работно време. Од се срце му посакувам секому да се пронајде во тоа. Или барем нека не престанува да се труди и да бара се дур не го пронајде. Никогаш не е премногу доцна за тоа.
Comments are closed.