Општи податоци
Име и презиме: Леа Танеска
Факултет и циклус на студии: Фармацевтски Факултет – Скопје, прв циклус на студии
Семестар и просек: IV семестар, 9.46
Кои три досегашни твои активности /работни ангажмани би ги потенцирал/a како најважни за тебе?
Средно образование : фармацевтско-лабораториски техничар, СОУ Ѓорче Петров – Прилеп
Комплетиран приправнички стаж, положен стручен испит и стекнато Право на самостојно укажување на здравствена заштита
Практично искуство – работа во аптека
Кои се твоите три најсилни вештини?
- Добро функционирам како дел од тим, а кога е потребно знам да застанам во улога на водач и да ги мотивирам останатите
- Брзо учам и усвојувам нови вештини
- Лесно се прилагодувам на нови ситуации, потешкотиите не ги гледам како проблем туку како предизвик
Кои се твоите три најголеми интереси/хоби?
- Дружење и патување
- Странски јазици – посебно драг ми е италијанскиот јазик
- Следење новости во областа на науката, фармацијата и медицината
Каде се гледаш по завршувањето на образованието?
Се надевам дека мојата идна професија ќе обедини повеќе дисциплини, за особено интересни ги сметам генетиката, физиологијата, фармацевтската технологија и хемија. Постојат неколку професии за кои размислувам, засега не сум се определила целосно за една, но верувам дека важен фактор при конечниот избор ќе ми биде работното место да нуди простор за напредок и усовршување и јас како фармацевт да можам навистина да ги користам моите знаења во пракса.
Како интересна професија би ја издвоила клиничката фармација бидејќи сметам дека иднината на фармацијата е индивидуализираната терапија, а клиничкиот фармацевт во соработка со лекарот најдобро можат тоа да го овозможат.
Comments are closed.