Општи податоци
Ленче Гегоска
Машински факултет – Скопје, прв циклус на студии
VI (шести) семестар, просек: 9,96
Кои три досегашни твои активности /работни ангажмани би ги потенцирал/a како најважни за тебе?
Еден од моите најважни досегашни ангажмани е ангажманот како демонстратор (студент помошник) во рамките на Машинскиот факултет. Со овој ангажман добивам можност да им помогнам на моите колеги во однос на предметот, при што и јас го повторувам материјалот во врска со истиот предмет, и стекнувам вештини за изразување пред поголема група на луѓе.
Втор важен ангажман беше изготвувањето на бизнис и маркетинг планови за учество на натпревари во четврта година, средно образование. Со нивното изготвување и јавната одбрана пред стручната комисија, ги подобрив моите презентациски вештини и се здобив со вештини за изготвување на истите.
Практикантство во фирмата “КЕМ” АД во која ги стекнав првичните практични знаења од областа на инженерството, и увидов на кој начин стекнатото знање се имплементира во практичната работа.
Кои се твоите три најсилни вештини?
- Висока концентрација- темелно приоѓање кон проблемите за изнаоѓање на нивно решение
- Организираност- во периоди на недостаток на време, правилно фокусирање кон најважните задачи
- Презентерски вештини- стекнати при одбрана на бизнис и маркетинг планови, како и најразлични презентации во рамките на предметите на факултет
Кои се твоите три најголеми интереси/хоби?
Мои интереси се, најпрво читање на секаква стручна и слободна литература, посебен интерес од областа на машинството. Исто така ме привлекува и литература за менаџирање, како за професионални актвиности, така и за секојдневните активности. Како мое хоби, можам да кажам дека секогаш кога сум во можност спортувам, во вид на трчање, скокање на јаже или возење велосипед во зависност од временските услови и слободното време.
Кои три семинари/обуки на кои си учевствувал/а би ги издвоил/а како најважни?
- Учество на обука составена од 13 модули со цел адекватно оспособување за преточување на бизнис идеи во бизнис план.
- FranklinCovey предавање: 7те навики на успешните луѓе, организирано од Clear View Business Training Center.
Каде се гледаш по завршувањето на образованието?
Себеси се гледам во компанија, со работно место областа на моите студии, со високи одговорности и постојано нови задачи кои би го поттикнувале мојот развој. Исто така би сакала да запишам постдипломски студии поврзани со она што ќе го работам, што ќе ја зголеми мојата способност да одговорам на уште поголеми предизвици, од кои и јас и компанијата ќе имаме корист.
Comments are closed.