„Успехот во градењето на личната кариера не доаѓа преку ноќ“
Во склоп на проектот „Најуспешните студенти учат од најуспешните претрприемачи“ кој има за цел да ги претстави успешните претриемачки приказни во Република Македонија, НАПАГ го претставува интервјуто со Иван Дејановски, менаџер во Монтенегро, новиот партнер на асоцијацијата.
1.Каков беше твојот пат до менаџерската позиција во Монтенегро?
Стекнувањето на менаџерската позиција во Монтенегро беше природна последица на моето повеќегодишно работно искуство во оваа компанија, каде сум вработен цели шест години. Имено, мојата максимална посветеност на работата и професионалниот пристап спрема клиентите, претпоставените и сите вработени придонесе за воспоставување одлична комуникација со сопствениците, која со текот на времето придонесе за стекнување меѓусебна доверба, што крајно резултираше со назначување на оваа одговорна и предзивикувачка позиција.
2.Кои се најтешките предизвици со коишто се имаш соочено во работата?
Кога работата ти е поврзана со секојдневна и директна комуникација со крајните клиенти, постојано се соочуваш со голем број предизвици, така што не би можел да се одлучам за нешто поконкретно во овој момент. Сепак, генерално погледнато, отсекогаш најтешко ми било во оние продажни ситуации кога било потребно да се справам со тешки клиенти кои имаат големи очекувања во однос на тоа што сакаат да го добијат, но лимитирани расположиви средства кои се спремни да ги платат. Од друга страна, задоволувањето на потребите на овие клиенти ми бил и посебен предизвик, така што речиси во сите случаи сум успевал да им креирам решенија со кои тие добиваа задоволителна вредност за нивните пари, со што како резултат на нивното големо задоволство од тоталната понуда, ни стануваа лојални клиенти во иднина.
3.Кои се најголемите успеси на кои си посебно горд?
Успешната реализација на неколку поголеми проекти, како што се опремувањето на повеќе хотели во Скопје и реализацијата на извозот за Косово, би ги издвоил како најголеми успеси во мојата менаџерска кариера до овој момент.
4. Кои се клучни фактори за успех во бизнисот? Какво е значењето на креативноста и иновативноста за успех во новото време?
Како клучни фактори за успех во било кој бизнис би ги издвоил отворената комуникација меѓу вработените и создавање добар тим меѓу кои постои голем степен на меѓусебна доверба. Ние во Монтенегро го имаме ова и совршено комуницираме на сите нивоа, при што сепак ја запазуваме и хиерархиската позиција на секој од вработение во фирмата и тоа е една од клучните причини за нашиот континуиран раст и развој. Инаку, во нашиот бизнис, од исклучително значење е креативноста и иновативноста на вработените, бидејќи секој клиент е посебен и има специфични потреби, за кои ние мораме да смислиме креативни решенија со кои тој ќе биде задоволен и повторно ќе се врати во нашите салони и во иднина.
5. Во кој правец се планира да се развива компанијата во наредниот период?
Плановите за идниот развој на Монтенегро се движат во насока на понатамошен раст и развој преку отворање на голем продажен центар близу Сити мол во Скопје. Во овој центар ќе го надградиме досегашниот бизнис-модел, со тоа што на клиентите ќе им понудиме целосно опремување на просторот за кои се заинтересирани (станбен, деловен и сл.). За таа цел, покрај архитекти планираме да вработиме и проектанти, кои заедничи со клиентите ќе бидат во можност да осмислат и имплементираат целосен проект по принципот “клуч на рака”.
6. Која е Вашата лична порака до најуспешните студенти?
Загрижуваат повеќегодишните тенденции на заминување на младите и квалитетни кадри од Република Македонија. Од мое лично искуство, како човек што престојувал во странство, со сигурност можам да потврдам дека и во нашата држава постојат услови за добар живот. Единствено нешто што младите треба да го разберат е дека успехот во градењето на личната кариера не доаѓа преку ноќ и дека со добивањето на факултетска диплома не само што не завршува работата, туку напротив, тогаш започнува битката за успех во животот. За тој да се случи, потребно е постојано надградување на теоретските познавања од струката, особено со бизнис-вештини со чија помош ќе се сфати дека секој бизнис постои за своите клиенти, но подеднакво важна е и вербата во своите квалитети и истрајноста во реализацијата на личната визија и целите.
ЗА МОНТЕНЕГРО
МОНТЕНЕГРО е компанија со приватен капитал со седиште во Гостивар, која успешно функционира на македонскиот пазар од 1994 година. Нејзиниот почеток датира од далечната 1963 год. како мала производствена фирма со седиште во Р. Црна Гора, од таму го добива и името МОНТЕНЕГРО.
Нашата примарна дејност е трговија со еклузивен италијански мебел, како генералени и еклузивени застапници на повеќе реномирани италијански производители на мебел, нудиме одлична можност за опремување на ентериери од различен карактер: куќи, канцеларии, кафе барови, ресторани, хотели и др.
ARAN, NEWFORM, MAXDIVANI, CALIAITALIA, EUROPEO, TONIN CASA, BONTEMPI, SEDIT, HOMES, TOMASELLA, TONON и многу други ни го доверија нивното застапништво и не избраа токму нас за нивен застапник на Македонскиот пазар. Проверете зошто, повелете посетете ги нашите изложбени салони во Скопје и Гостивар.
Comments are closed.