Општина Карпош, во склоп на проектот „Со најуспешните студенти заедно за Карпош“, продолжува со праксата на поддршка на иницијативи за личен развој на најталентираните студенти од својата општина. За таа цел, во соработка со Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ), го распишуваат овој оглас за
СТИПЕНДИИ
за целосно членство во НАПАГ на 30 најдобри студенти од сите области
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
– Студентот да има комплетирано најмалку една година од студии на прв циклус, на било кој од факултетите во Република Македонија
– Студентот да има просек повисок од 8.50
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
– Приложен индекс
– Краткa биографија (CV)
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Студентите да се пријават електронски на [email protected] или на телефонскиот број 071 259 345 со оставање на податоци за нивно име, презиме, факултет, година, просек, контакт-телефон и email.
4. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Последниот рок за пријавување е 30.04.2015 година
5. ОПИС НА СТИПЕНДИЈАТА
– Ќе се стипендираат 30 најуспешни студенти кои ќе се стекнат со статус целосно членство во НАПАГ, со пристап до сите бенефити што ги нуди оваа Асоцијација како прва и единствена од овој тип во Република Македонија. Целосното членство во НАПАГ овозможува:
Присуство на свечено доделување на сертификат за членство во „Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани“
- Учество на идни натпревари кои ќе ги организира НАПАГ. Последниот беше „Натпревар за најдобар есеј 2014“ каде првата награда беше покривање на трошоци за WORK AND TRAVEL програмата за студентски престој и работа во USА во 2015 година, а ја доби Давор Данилоски од ТТФ Велес
- чество на една бесплатна сертифицирана обука за развој на креативните, иновативните и претприемачките вештини
- оставување на CV и профил на веб страната на НАПАГ кое е достапно до голем број на работодавачи
- Вмрежување со најуспешните студенти од остантатите професии и докажани македонски научници во светски рамки
6. СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
– Предност при избор ќе имаат студентите кои се постојани или привремени жители на општина Карпош и/или студираат на факултетите на територија на општина Карпош.
– Процесот на селекција ќе се направи врз основа на пратените апликации, при што само селектираните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју.
Comments are closed.