Град Скопје, во склоп на проектот „Со најуспешните студенти заедно за Скопје“, продолжува со праксата на поддршка на иницијативи за личен развој на најталентираните студенти од територијата на Град Скопје. За таа цел, во соработка со Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ), го распишуваат овој оглас за
СТИПЕНДИИ
за целосно членство во НАПАГ на 20 најдобри студенти од сите области кои студираат во Скопје
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
– Студентот да има комплетирано најмалку една година од студии на прв циклус, на било кој од универзитетите и факултетите на територија на Град Скопје
– Студентот да има просек повисок од 8.50
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
– Приложен индекс
– Краткa биографија (CV)
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Студентите да се пријават електронски на [email protected] или на телефонскиот број 071 259 345 со оставање на податоци за нивно име, презиме, универзитет, факултет, година, просек, контакт-телефон и email.
4. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Последниот рок за пријавување е 20.06.2015 година
5. ОПИС НА СТИПЕНДИЈАТА
– Ќе се стипендираат 20 најуспешни студенти кои ќе се стекнат со статус целосно членство во НАПАГ, со пристап до сите бенефити што ги нуди оваа Асоцијација како прва и единствена од овој тип во Република Македонија. Со стипендијата на стипендистите им се овозможува:
Присуство на бесплатна еднодневна обукa со наслов „Биди креативен и иновативен, размислувај за локалниот економски развој на Град Скопје“
Да бидат директно вклучени во креирањето на креативна промотивна кампања за привлекување туристи и инвеститори во Град Скопје
Присуство на свечено доделување на сертификат за членство во „Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани“
Поставување на CV и профил на веб страната на НАПАГ кое е достапно до голем број на работодавачи
Вмрежување со најуспешните работодавачи и можности за вработување и пракса
Вмрежување со најуспешните студенти од остантатите професии и докажани македонски научници во светски рамки
6. СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
– Предност при избор ќе имаат студентите кои се постојани или привремени жители на Град Скопје и/или студираат на факултетите на територија на Град Скопје.
– Процесот на селекција ќе се направи врз основа на пратените апликации, при што само селектираните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју.
Comments are closed.