Бетон, како водечка градежна компанија со висок степен на општествена одговорност, продолжува со праксата на поддршка на иницијативи за личен развој на најталентираните студенти од Република Македонија. За таа цел, во соработка со Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ), го распишуваат овој оглас за
СТИПЕНДИИ
на 10 најдобри студенти од градежните и архитектонските факултети во Република Македонија за присуство на сертифицираната академија за развој на креативни, иновативни и бизнис-вештини
BETON ACADEMY
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
– Студентот да има комплетирано најмалку една година од студии на прв циклус, на било кој факултет во Република Македонија
– Студентот да има просек повисок од 8.50
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
– Фокопија од потврда или страница во индекс за заверен трет семестар или повеќе
– Приложен индекс
– Краткa биографија (CV)
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Студентите да се пријават електронски на [email protected] или на телефонскиот број 071 259 345 со оставање на податоци за нивно име, презиме, факултет, година, просек, контакт-телефон и email.
4. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Последниот рок за пријавување е 20.04.2015 година
5. ОПИС НА СТИПЕНДИЈАТА
– Ќе се стипендира личниот развој на 10 најуспешни студенти од градежните и архитектонските факултети во Република Македонија кои ќе имаат привилегија да присуствуваат на Beton Academy, првата и единствена тримесечна сертифицирана академија чија цел е да го надгради нивниот голем потенцијал преку стекнување вештини неопходни за успех во 21виот век и кои се барани од работодавачите. Повеќе детали за академијата може да се најдат на: http://napag.mk/wp/?p=1388
6. СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
– Процесот на селекција ќе се направи врз основа на пратените апликации, при што само селектираните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју. Кандидатите кои ќе бидат избрани да ја добијат оваа стипендија, ќе присуствуваат на академијата која започнува во април 2015 година.
7. ЗА БЕТОН
Друштвото за Градежништво БЕТОН – Акционерско Друштво – Скопје е градежна компанија, која е основана во далечната 1947 година со интеграција на неколку мали и слабо опремени тогашни претпријатија.
Многу години поминаа од оние ударнички денови кога БЕТОН со елан и жар се вклучи во битката за издигање на Tатковината од пепелот на Втората Светска Војна. Низ годините, минувајќи низ многу етапи на трансформации на самото општество, со постојан, континуиран и динамичен развој, БЕТОН израсна во една од водечките градежни компании на Балканот.
Денес БЕТОН е современа, високо технолошки опремена градежна компанија, подготвена да се носи со сите предизвици на модерната архитектура и на современите градежни оперативни зафати.
Нашиот главен мотив и поттик за нови предизвици се градбите кои остануваат позади нас и плеjадата задоволни Клиенти, Корисници и Инвеститори.
Градењето е наша инспирација! А инспирацијата низ времето не прави се подобри!
Comments are closed.