OfficePlus, како водечка компанија со висок степен на општествена одговорност, продолжува со праксата на поддршка на иницијативи за личен развој на најталентираните студенти од Република Македонија. За таа цел, во соработка со Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ), го распишуваат овој оглас за
СТИПЕНДИИ
на 10 најдобри студенти од сите факултети во Република Македонија за присуство на сертифицираната академија за развој на креативни, иновативни и бизнис-вештини
OFFICEPLUS ACADEMY
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
– Студентот да има комплетирано најмалку една година од студии на прв циклус, на било кој факултет во Република Македонија
– Студентот да има просек повисок од 8.50
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
– Фокопија од потврда или страница во индекс за заверен трет семестар или повеќе
– Приложен индекс
– Краткa биографија (CV)
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Студентите да се пријават електронски на [email protected] или на телефонскиот број 071 259 345 со оставање на податоци за нивно име, презиме, факултет, година, просек, контакт-телефон и email.
4. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Последниот рок за пријавување е 20.04.2015 година
5. ОПИС НА СТИПЕНДИЈАТА
– Ќе се стипендира личниот развој на 10 најуспешни студенти од сите факултети во Република Македонија кои ќе имаат привилегија да присуствуваат на OfficePlus Academy, првата и единствена тримесечна сертифицирана академија чија цел е да го надгради нивниот голем потенцијал преку стекнување вештини неопходни за успех во 21виот век и кои се барани од работодавачите. Повеќе детали за академијата може да се најдат на: http://napag.mk/wp/?p=1373
6. СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
– Процесот на селекција ќе се направи врз основа на пратените апликации, при што само селектираните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју. Кандидатите кои ќе бидат избрани да ја добијат оваа стипендија, ќе присуствуваат на академијата која започнува во април 2015 година.
7. ЗА OFFICEPLUS
Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп.
ОФИС ПЛУС е сопственик на брендот "Офис плус", под кое име се објавуваат каталози и веб-страница.
Мисијата на Офис Плус е да ги задоволи сите потреби за деловно работење на клиентите, лесно и навремено. Визијата на Офис Плус е да стане препознатлив знак за квалитет на целата територија на РМ преку успешно поставување на комплетна продажна мрежа во целата држава.
Comments are closed.