На ден 15 октомври 2014 година, во просториите на новата зграда на ректоратот на Државниот Универзитет во Тетово, претседателите на Студентскиот парламент при ДУТ и на Националната асоцијација на престижни академски граѓани потпишаа меморандум за соработка кој претставува основа за воспоставување на идна соработка во реализацијата на заеднички активности.
Шабан Арслани, претседателот на СПДУТ изрази особено задоволство што и на најуспешните студенти од овој универзитет ќе им се оддаде признание за нивните досегашни академски постигнување и истите ќе имаат шанса да се вмрежат и да бидат дел од новата креативна и претприемничка интелектуална елита во Република Македонија.
Д-р Виктор Ѓорѓиески, претседателот на НАПАГ изрази огромна благодарност до раководството на СПДУТ за нивната спремност за соработка, со надеж дека во блиска иднина кон семејството на НАПАГ ќе се приклучат и првите членови од овој Универзитет, на кои на свечен настан ќе им се доделат сертификатите за членство.
Ова е деветта официјална соработка на НАПАГ со организации и институции кои се од интерес на студентите во Република Македонија.
Comments are closed.