На 24.02.2015 година, во просториите на ректоратот при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, претседателот на Националната асоцијацијација на престижни академски граѓани (НАПАГ), д-р Виктор Ѓорѓиески и претседателката на Студентскиот парламент при Универзитетот Југоисточна Европа, Арта Демирали, потпишаа Меморандум за соработка и се заложија за заеднички напори во реализацијата на мисиите на двете организации. На истиот настан, откако констатираше дека имаат чест да студираат и живеат на најсовремениот кампус во Република Македонија, претседателот на НАПАГ пред присутните студенти ги презентираше бенефитите од членувањето во Асоцијацијата и можностите за стипендии за кои од денес ќе можат да аплицираат. „Особено ми е драго што и вие ќе имате можност да аплицирате за тримесечната сертифицирана академија Life Tools Academy која се состои од 8 модули на алатки за стекнување со вештини од областите на креативноста, иновативноста и претприемништвото. Со тоа, вие ќе имате можност во целост да го искористите својот потенцијал и покрај вашите исклучително големи академски знаења, да се надградите и со потребните вештини кои се барани од страна работодавачите. Со НАПАГ, не само што полесно ќе најдете работа, туку многу подобро ќе се снајдете на самото работно место,“ рече д-р Виктор Ѓорѓиески, претседателот на НАПАГ. Претседателката на Студентскиот парламент при Универзитетот Југоисточна Европа, Арта Демирали му се заблагодари на д-р Ѓорѓиески за можноста и студентите од нејзиниот универзитет да ги уживаат привилегиите кои до сега можеа да ги уживаат студентите од останатите универзитети во Република Македонија и посочи дека во иднана двете организации ќе работат на реализација на заеднички проекти од интерес на студентите при Универзитетот Југоисточна Европа.
Comments are closed.