Во просториите на Универзитетот за Туризам и Менаџмент Скопје беше организиран настан за промоција на најновата соработка на Националната асоцијацијација на престижни академски граѓани (НАПАГ) со Студентскиот парламент на овој универзитет. Во своите обраќања, претседатлот на НАПАГ, Д-р Виктор Ѓорѓиески и претседателот на СПУТМС, Јане Митрески, изразија задоволство од воспоставената соработка и спремност за реализација на голем број заеднички активности во иднина.
Покрај потпишувањето на меморандумот за соработка, овој настан беше воедно и втор свечен настан за доделување сертификати за генерацијата 2014, членови на НАПАГ. Имено, како нови членови на НАПАГ со статус слободно членство беа промовирани Ана Дамовска (Американ Колеџ Скопје), Јасмина Станковска (ФОН), Севда Шешум (Американ Колеџ Скопје), Симона Илијевска (УКИМ), Бранко Попоски (УКИМ) и Стефан Ѓурасовиќ (Американ Колеџ Скопје), а со статус целосно членство се стекнаа Елена Гагачева (УКЛО), Александар Томов (Cardiff Metropolitan University), Маја Николова (УКИМ) и Викторија Наумоска (УКИМ).
Претседателот на НАПАГ им честита на новите членови и им посака добредојде во семејството на најуспешните и најталентирани поединци. Во истата прилика, Д-р Виктор Ѓорѓиески им се заблагодари на актуелните партнерски организации и медиуми за соработката во досегашните активности при што посебна благодарност упати до специјалниот гостин на настанот, Seth Yumich, основач на The American Times.
Свој мотивициски говор на големиот број присутни членови на НАПАГ, претставници од партнерските организации, студенти и професори од Универзитетот за Туризам и Менаџмент Скопје одржа и Д-р Рашела Мизрахи која со своите врвни научни достигнувања се вбројува во редот на најуспешните научници во светски рамки во својата област. Воедно, Д-р Мизрахи како една од првите учесници во реализацијата на проектот „Најсупешните студенти учат од најуспешните Макеоднци“ официјално беше прогласена и за почесен член на НАПАГ.
Конечно, на настанот за прв пат беше официјализиран почетокот на стратешката соработка со КОУЗОН како официјален покровител на натпреварот за најдобар есеј со кој на членот на НАПАГ чиј есеј ќе биде отценет како најдобар ќе му биде обезбедена награда – покривање на трошоците за USA WORK&TRAVEL 2015 програмата.
На крајот, модераторот на настанот, Бојан Гиевски, упати покана до сите заинтерисирани студенти да ги следат информациите за активностите на НАПАГ преку веб (www.napag.mk) и facebook страната во однос на можностите за зачленување, како и деталите за натпреварот за најдобар есеј и остантите бенефити од членството во асоцијацијата.
Comments are closed.