Општи податоци
Страхил Тодоров
Факултет за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, прв циклус студии
9-ти семестар, просек: 9,83
Кои три досегашни твои активности /работни ангажмани би ги потенцирал/a како најважни за тебе?
-
Претседател на Студентскиот парламент на Факултетот за медицински науки (СПФМН);
-
Официјален претставник на ЕМСА – Штип како делегат во собранието со право на два гласа на 23-то Генерално собрание на Европската медицинска студентска асоцијација (ЕМСА); Медицински факултет, Универзитет во Лисабон – Лисабон, Португалија.
-
Хоспитант во Медицинската Клиника бр. 8 – Клиника за кардиологија при Универзитетскиот Клинички центар во Нирнберг, СР Германија (Klinikum Nürnberg (Nord & Süd)) – (ментор: проф. д-р мед. Матијаш Паушингер – директор на клиниката (Prof. Dr. med. Matthias Pauschinger – Chefarzt).
Кои се твоите три најсилни вештини?
Ораторски способности, принципиелност и хуманост
Кои се твоите три најголеми интереси/хоби?
Колекција на електронски книги, пишување поезија, јавна дебата
Кои три семинари/обуки на кои си учевствувал би ги издвоил како најважни?
- Стручен студиски престој на: Клиниката за максилофацијална хирургија, Клиниката за детска ортопедија и трауматологија (прва хируршка асистенција – ментор: проф. д-р Евгениј Валентинович Ковалев, детски ортопедски хирург) и Клиниката за кардиологија и кардиоваскуларна хирургија – Самарски државен медицински Универзитет (СамГМУ), Самара, Самарска област, Руска Федерација.
- Активно учество со орална презентација на стручен труд на 35-иот Интернационален медицински научен конгрес на студенти по медицина и млади лекари, Хотел „Силекс“, Охрид – организатор: Македонска медицинска студентска асоцијација (ММСА);
- Активно учество со орална презентација на стручен труд на 36-иот Интернационален медицински научен конгрес на студенти по медицина и млади лекари, Хотел „Силекс“, Охрид – организатор: Македонска медицинска студентска асоцијација (ММСА);
Каде се гледаш по завршувањето на образованието?
По завршувањето на првиот циклус студии сакам да продолжам со специјализација по кардиологија на некој од Универзитетските клинички центри во Германија. За време на специјализацијата сакам да завршам мастер и докторски студии од областа на дијагностика и третман на вродените срцеви аномалии во хуманата популација. Потоа, би сакал да се вратам во Македонија и да работам во некоја од приватните здравствени институции во земјава.
Comments are closed.