Општи податоци
- Име и презиме: Христина Лазаревска
- Универзитет “Св. Кирил и Методиј”-Скопје; Филозофски факултет; Прв циклус на студии (додипломски)
- VIII (осми) семестар; просек 8,7
Кои три досегашни твои активности /работни ангажмани би ги потенцирал/a како најважни за тебе?
- Волонтер во Црвен крст на ниво на општина Ресен и учество на семинари организирани од страна на Црвен крст на ниво на Република Македонија;
- Едномесечна пракса во Национална установа – Завод за заштита на културните споменици и националниот Mузеј во Охрид;
- Учество во студентска анкета за самоевалуација одржана при Филозофски факултет во Скопје и член во Студентски парламент при Филозофски факултет
Кои се твоите три најсилни вештини?
- Љубезност;
- Одговорност ;
- Амбициозност и посветеност;
Кои се твоите три најголеми интереси/хоби?
- Патување;
- Гледање филмови;
- Читање книги;
Кои три семинари/обуки на кои си учевствувал/а би ги издвоил/а како најважни?
“Life Tools Academy” – сертифицирана академија за развој на креативни, иновативни и бизнис-вештини организирана од страна на НАПАГ ; 2015
Како мислиш дека посетата на LifeToolsAcademy ќе ти помогне во твојот личен и кариерен успех?
Посетата на Life Tools Academy беше уште еден голем мотив за тоа да не запирам и да вложувам во себе и да се надоградувам како личност.Имено живееме во 21 век кога работите се движат напред би кажала со брзина на светлината,а за да не бидеме истиснати од колосекот по кој се движиме мора да продолжиме со исто темпо.Оваа академија ми овозможи подетално да се запознаам со алатките кои се користат во бизнисот и претприемништвото.Сето време поминато на горе споменатата академија ми помогна во мојата цел во која се залагам за поместување на границите и отргнување на бариерите дека личност од било кој профил би можела да биде креативна и иновативна и успешно да се снајде во било каков бизнис.
Каде се гледаш по завршувањето на образованието?
Во блиска иднина се гледам како асистент при Филозофски факултет со што веројатно би работела нешто што ме исполнува и каде што би можела да го применам моето знаење од истата област. Имено се надевам дека паралелно би се занимавала со некој свој бизнис кој не би ме исцрпувал туку баш напротив би ме потикнал за поголем напредок во истиот. Би сакала да продолжам со магистерски студии и се надевам ќе го исполнам тоа.
Comments are closed.