Во свечена гламурозна атмосфера ТВ Орбис ги додели признанијата на добтиниците на „Најпопуларни за 2014 год“. Манифестацијата која успеа да го сврти вниманието на битолската и целокупната македонска јавност се одржа во ресторанот Гранд Премиер во Битола на 21 февруари 2015 година. Во една свечена и гламурозна атмосфера се доделија наградите на оние кои што најмногу го привлекоа вниманието на гледачите на ТВ Орбис и се здобија со признанието Најпопуларни за 2014 година. Некои ги нарекуваат битолски оскари, некои Гранд При награди или едноставно најпопуларни, вкупно 36 на број секој најпопуларен во својата категорија на делување во општествената заедница.
Националната асоцијација на престижни академски граѓани (НАПАГ), со својата нецела година постоење, успеа да ги освои битолчани и тие ја прогласија за НАЈПОПУЛАРНА ИНОВАТИВНА ПЛАТФОРМА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО. Уникатниот спој кој го прави НАПАГ помеѓу најуспешните и најталентираните студенти, докажаните млади македонски научници во светски рамки и успешните општествено одговорни компании беше награден со оваа престижна награда која лично ја прими претседателот на НАПАГ, д-р Виктор Ѓорѓиески. Во своето кратко обраќање до седумстотините присутни на гала вечерта, д-р Ѓорѓиески искрено им се заблагодари на сите Битолчани што ја поддржуваат оваа иновативна платформа, како и на сите донатори кои препознаа можност да ја потврдат својата општествена одговорност и директно да го стипендираат растот и развојот на најталентираните студенти во Македонија. Д-р Ѓорѓиески вети дека НАПАГ нема да се откаже од тоа за што всушност е формиран, односно да дава придонес во напорите за намалување на чумата на 21-от век, т.е. „одливот на мозоци“ и ќе продолжи да им помага на најуспешните студенти во целост да го искористат својот потенцијал преку развојот на нивните креативни, иновативни и претпримечки вештини.
На доделувањето на овие престижни награди имаше и културно забавна програма во која свој дел зедоа познати естардни уметници меѓу кои : Сефедим Бајрамов, Есма Реџепова,музичките групи Мегдан и Ѓердан , Сара Ристевска и Татјана Стефановска. Актерот Петар Горко ја збогати програмата со свој перформанс .
Манифестацијата Најпопуларни за 2014 година ја организира по 9 пат која од пред неколку години има национален карактер.
Comments are closed.