SWISSLION, како водечка иновативна компанија со висок степен на општествена одговорност, продолжува со праксата на поддршка на иницијативи за личен развој на најталентираните студенти од Република Македонија. За таа цел, во соработка со Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ), го распишуваат овој оглас за
СТИПЕНДИИ
на 10 најдобри студенти од техничко-технолошките и економските факултети во Република Македонија за присуство на сертифицираната академија за развој на креативни, иновативни и бизнис-вештини
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
– Студентот да има комплетирано најмалку една година од студии на прв циклус, на било кој од ветеринарните, техничко-технолошките и економските факултети во Република Македонија
– Студентот да има просек повисок од 8.50
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
– Фокопија од потврда или страница во индекс за заверен трет семестар или повеќе
– Приложен индекс
– Краткa биографија (CV)
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Студентите да се пријават електронски на [email protected] или на телефонскиот број 071 259 345 со оставање на податоци за нивно име, презиме, факултет, година, просек, контакт-телефон и email.
4. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Последниот рок за пријавување е 25.03.2015 година
5. ОПИС НА СТИПЕНДИЈАТА
– Ќе се стипендира личниот развој на 10 најуспешни студенти од техничко-технолошките и економските факултети во Република Македонија кои ќе имаат привилегија да присуствуваат на Swisslion Academy, првата и единствена тримесечна сертифицирана академија чија цел е да го надгради нивниот голем потенцијал преку стекнување вештини неопходни за успех во 21виот век и кои се барани од работодавачите. Повеќе детали за академијата може да се најдат на: http://napag.mk/wp/?p=1298
Дополнително, избраните стипендисти ќе се стекнат и со статус целосно членство во НАПАГ.
6. СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
– Процесот на селекција ќе се направи врз основа на пратените апликации, при што само селектираните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју. Кандидатите кои ќе бидат избрани да ја добијат оваа стипендија, ќе присуствуваат на академијата која започнува во април 2015 година.
7. ЗА SWISSLION
Swisslion претставува империја во областа на производство на квалитетна и здрава храна. Примената на модерни технологии и врвното знаење, како и континуираниот процес на усовршување, поставија високи стандарди во водењето бизнис, живеењето и работењето во Swisslion.
Comments are closed.