Студентскиот парламент на Универзитетот потпиша Меморандум за соработка со Националната асоцијација на престижни академски граѓани (НАПАГ).
– Оваа соработка ќе значи и начин да се искористи потенцијалот на најуспешните студентите од сите професии преку развојот на креативноста и нивните претприемачки вештини. Во асоцијацијата можат да членуваат студенти со просек повисок од осум – изјави претседателот на НАПАГ, д-р Виктор Ѓорѓиески.
Студентите од УГД ќе имаат можност да членуваат на оваа организација и да ги користат нивните можности.
– Студентите од УГД, а посебно активните членови на Студентскиот парламент, ќе можат да членуваат. Ние наскоро ќе распишеме конкурс преку кој ќе се пријавуваат студентите. Треба да ги дефинираме критериумите за членство, а студентите ќе бидат известени преку социјалните мрежи и медиумите на УГД – изјави потпретседателот на СПУГД, Иван Тасевски.
Покрај контактите, размените на искуства и промоција во јавноста преку поставување на CV на веб-страницата на НАПАГ, на членовите ќе им биде овозможено и учество во натпревар за есеј каде што најдобриот ќе добие вредна награда.
Comments are closed.