„Животот го делам на пред Америка и после Америка!“
1. Со какво искуство се враќаш од Америка?
Америка…. Колку и да зборувам, што и да објаснувам Америка е Америка. Кој бил може истото да го потврди. Искуството кое што го здобив во САД ниту една пара на светот не може да го купи. Стануваш похрабра личност, поодговорна личност, учиш како сам да ги отвараш вратите на животот – оние големите. Америка ти дава шанса да се пронајдеш во таа туѓа и за тебе непозната средина, но пријателствата, луѓето кое ги запознаваш таму, всушност сфаќаш колку си добредојден таму и околу луѓето кои живеат во САД.
2. Колку долго беше таму, каде беше сместен и каде се прошета?
Во САД бев точно 4 месеци од 28. Мај 2015 година, до 28. Септември 2015 година. Живеев во Фремонт, мал град во државата Индиана, во близина на Чикаго. Живеев во голема куќа, со уште 11 студенти од Украина и Кина. На крај како и обично, секој студент се наградува со една прошетка низ Америка, практикувајќи го истото прошетав низ многу градови и држави во Америка.
3. Што научи ново таму?
Америка те учи на многу работи дел од нив добри дел од нив лоши, се зависи од нас самите кој пат ќе го избереме. Научив како да бидам екстра одговорна личност, како живеат сите млади луѓе таму, како успеваат во животот и на кој начин се стремат кон целта која си ја замислиле. Научив дека секој труд таму се почитува, секоја вложена секунда од твојот труд е исплатена.
4. Нешто посебно да издвоиш?
Искуство. Во нашиот живот секое искуство е добредојдено, а колку повеќе ги има толку полесно ќе можеме да се одлучиме што понатаму во животот и во кој правец да чекориме. Веќе не сме деца кои играат низ улиците, почнуваме да размислуваме за нашата иднина и што понатаму. Како што кажав и погоре искуството што го доживуваме во друга земја, запознавајќи друга култура, други личности, нови настани не постои богатство што може да го купи.
5. Дали би препорачал на оние студенти кои не биле да ја посетат Америка и што би ги советувал?
Сите млади студенти кои планираат да заминат на четиримесечно работење и патување во Америка воопшто да не се двоумат. Запознаваат нови места, живеат самостојно, запознаваат нови лица, среќаваат нешта за кои ни во сон не помислуваат дека ќе ги сретнат. Да немаат страв доколку одат сами без ниедна личност од сопствената земја, бидеќи кај народот во Америка си повеќе од добредојден. Прекрасно искуство исполнето со прекрасни моменти.
6. Колку си задоволен од Коузон?
За прв пат Коузон агенцијата ја запознав оваа година, кога ја добив наградата и лично сум задоволен од сÙ, почнувајќи од средување на документација, па се до посветеност на своите клиенти, безрезервна помош, итн. Постојано беа со мене во комуникација додека бев во Америка и безрезеврно ми помагаа за се што ми беа потребни.
7. Што планираш за во иднина?
Голем број на планови ми се вртат во глава. Само што дипломирав и моментално ја носам титулата како Дипломиран Инженер – Технолог насока Нутриционизам. Плановите засега се во нашата земја на
Постдипломските студии за „Лабараториска анализа и инженерство во фармацијата“, а што ќе се случи понатаму го оставам времето да покаже се. Секое ново патување и искуство кај мене е добредојдено во секој случај.
За крај би сакал да се заблагодарам на НАПАГ и КОУЗОН кои ми ја доделија наградата за бесплатен „Work and travel – програма 2015“ . НАПАГ е единствена Асоцијација во нашата земја која ги издвојува и наградува најуспешните студенти преку своите активности. Ви благодарам!
Comments are closed.