Националната асоцијација на престижни академски граѓани (НАПАГ), во соработка со Град Скопје, успешно го реализираа проектот „Со најуспешните студенти заедно за Скопје“ кој се состеше од голем број активности поврзани со креирањето на промотивна камапања за привлекување туристи во градот. Во проектот беа вклучени триесет студенти со просек над 8.5 од сите струки кои се жители на Скопје или студираат на еден од факултетите на територија на Град Скопје. Учесниците, покрај нивната промоција пред пошироката јавност на свечениот настан кој го организира НАПАГ во јуни, имаа и можност да се стекнат со вештини од областа на креативноста, иновативноста и маркетингот на градови преку обука организирана од Асоцијацијата во октомври оваа година.
Дополнително, студентите кои успешно ја комплетираа обуката учестувуваа и во фокус сесиите за креирање на креативна промотивна камапања за привлекување нови целни групи туристи во Скопје. Имено, со примена на техниката “Коцката е фрлена”, беа идентификувани неколку потенцијални целни групи туристи (пр:. велосипедисти, бремени жени, млади лица, тинејџери и студенти и сл.), по што со користење на Brainstorming и Mind mapping алатките се креираше понудата наменета за овие целни групи. Па така, како атрактивни локации за организирање голем број настани (пр.: пикник, со голем број разни забавни содржини за младите, едукативни и рекреативни содржини за бремените жени, обуки и тренинзи за возење велосипед, изложба на стари велосипеди и сл.) кои би траеле во подолг временски период, се идентификуваа: градскиот парк, кејот на Вардар, Водно, Матка, City mall и др.
Крајно, откако јавно се презентираа резултатите на Mind mapping-от, со примена на техниката “5 Зошто прашања” се креираа и повеќе слогани (пр. ”Со активност и релаксација до поздрава иднина”, „Вози велосипед за чисто Скопје!“ и сл.). При тоа, слоганот ”Со активност и релаксација до поздрава иднина” се издвои како заеднички за сите целни групи, по што се утврдија и повеќе маркетинг активности за креирање на промоцискиот микс за промоција на оваа понуда (пр:. директен маркетинг, традиционален и герила маркетинг, интернет маркетинг и маркетинг преку социјалните мрежи и др.).
НАПАГ ќе продолжи со реализација на значајни проекти од овој тип и во иднина во интерес на исполнување на својата мисија, односно намалување на „одливот на мозици“ од Република Македонија.
Comments are closed.