„Не задоволувајте се со малку!“
1. Кој е Даниел Михајловски?
Младо момче кое е израснато во СОС Детско село – Македонија, дипломиран меѓународен маркетинг менаџер на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, наскоро Магистар по Односи со јавноста. Има визија за животот и сака да им помага на младите израснати без родители да си го пронајдат својот пат кон успехот. Напорно работи, освен неговата редовна работа во Министерство за финансии, работи и хонорарно како осигурителен брокер и инвестициски советник и започнува проекти за Социјално претприемнишво.
2. Кои се најтешките предизвици со кои се имате соочено во развојот на вашата кариера?
Моментот на барање работа, јавно лобирање со институциите и проблемот со достоинствена работа.
3. Што би издвоиле како најголем ваш досегашен успех на кои сте посебно горди?
Европа оваа година ја одбележува како година за развој и со самото учеството на Европските денови за развој во Брисел остварив средба со Генералниот Секретар на ОН Бан Ки Мун и високи претставници на Европската Унија каде разговарав за тоа како да се намали невработеноста на младите во Македонија преку Социјалното претприемништво кое се спрема во нашата држава. На средбата со Федерика Могерини и Сем Кутеса разговарав за тоа дека Владата вработува ранливи категории но дека тоа не е доволно, треба да се поттикне приватниот сектор да го прави истото преку многу програми што им ги нуди Владата. Поголема соработка да има меѓу Владиниот и Невладиниот сектор со бизнис заедницата. На панел дискусијата на тема Социјално претприемништво и како да се спречи бранот на нееднаквоста во приходите со основач на Социјално претпријатие од Јужна Кореја, г-ѓа МкАван од Европскиот Парламент, претставник од организација од Лондон, Бритиш Коунцил, Економист од Светска Банка, Председател за економија од Индија и претставник од Индиска Банка за развој дискутирав на таа дискусија.
4. Според ваше мислење, кои се неколку клучни фактори за личен и кариерен успех?
Клучен фактор за личен и кариерен успех е целта во животот: желбата + планот = ЦЕЛ !
5. Колку е важна креативноста и иновативноста за успех во кариерата?
Многу е важна креативноста и иновативноста за успех во кариерата од аспект на барање алтернативни решенија за подобар живот.
6. Која е вашата визија за иднината? Каде се гледате за 5 години? Во кој правец треба да се движи развојот на Македонија во наредниот период?
Мојата визија за иднината е секој млад човек на свој начин да биде претпознатлив во општеството со својот придонес. За 5 години се гледам на политичката сцена како независен пратеник кој ќе се бори за еднакви можности на ранливите категории и во областа на економијата како инвестициски советник и осигурителен брокер, моментално работам на таа проблематика. Развојот на Македонија во наредниот период треба да се движи во правец на решавање на проблемот за влез во ЕУ и НАТО и еднакви можности со европските граѓани.
7. Ваша лична директна порака до најуспешните македонски студенти.
Ги поттикнувам најуспешните македонски студенти да се борат за да најдат достоинствена работа релевантна на нивното образование и да си го ценат својот личен труд. Да бидат одговорни и секогаш да гледаат на напредок на нивното идно работно место. Да не се задоволуваат со малку.
Comments are closed.