Општи податоци
Име и презиме: Филип Илиевски
Факултет и циклус на студии: Фармацевтски факултет
Семестар: 3 семестар
Просек 9.8
Кои три досегашни твои активности /работни ангажмани би ги потенцирал/а како најважни за тебе?
По завршувањето на првата година од моите студии ми беше доделена стипендија од Универзитетот Кембриџ, Обединетото Кралство, каде остварив научно-истражувачки престој од областа на фармакологијата и биомедицинските науки, како единствен, најмлад студент од прва година од Македонија и Европа. За време на средното образование, ја претставував Република Македонија на бројни меѓународни натпревари од областа на екологијата и хемијата. Така, на Меѓународната Менделеев Олимпијада по Хемија во Узбекистан, 2013 имам освоено бронзен медал, што воедно е прв медал во историјата на нашата земја на меѓунаордните олимпијади по хемија. На истата олимпијада имам учествувано 3 пати – 2011 Москва, Руска Федерација, 2012 Астана, Република Казахстан и 2013 Ташкент, Република Узбекистан. На меѓународните олимпијади по екологија во Хјустон, Тексас, САД имам освоено сребрен медал, а во Истанбул, Турција, имам освоено златен медал. Исто така бев и дел од првиот македонски тим на Интернационалната Олимпијада по Хемија во Москва и освоено награда од компанијата ,,Баер”.
Кои се твоите три најсилни вештини?
Аналитичко и критичко размислување, тимска работа, комуникациски вештини
Кои се твоите три најголеми интереси/хоби?
– Научно-истражувачка работа
– Читање книги, свирење пијано
– Новости во науката и образованието
Кои три семинари/обуки на кои си учевствувал/а би ги издвоил/а како најважни?
– Семинари за подготовка за олимпијади по хемија одржан пропратно на секоја од олимпијадите каде што сум учествувал
– Обука за комуникациски вештини кај фармацевтите, организирана од Македонска асоцијација на студенти по фармација (МПСА)
Каде се гледаш по завршувањето на образованието?
По завршување на образованието се гледам како вработен во некоја фармацевтска компанија, во областа на синтеза и откривање на нови лекови или контрола на квалитетот на лекови, пропратно со запишување и успешно комплетирање на докторски студии од таа област, или како активен истражувач во лабараторија за биомедицински науки.
Comments are closed.