ВЕЗЕ ШАРИ, ЛЕКЕР и ЕЛЕКТРО ШАРИ, како компании со висок степен на општествена одговорност, продолжуваат со праксата на поддршка на иницијативи за личен развој на најталентираните студенти од сите области и факултети во Република Македонија. За таа цел, во соработка со Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ), го распишуваат овој оглас за
СТИПЕНДИИ
на 5 најдобри студенти од факултетите во Република Македонија за присуство на сертифицираната академија за развој на креативни, иновативни и бизнис-вештини
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
– Студентот да има комплетирано најмалку една година од студии на прв циклус, на било кој од факултетите во Република Македонија
– Студентот да има просек повисок од 8.50
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
– Фокопија од потврда или страница во индекс за заверен трет семестар или повеќе
– Приложен индекс
– Краткa биографија (CV)
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Студентите да се пријават електронски на [email protected] или на телефонскиот број 071 259 345 со оставање на податоци за нивно име, презиме, факултет, година, просек, контакт-телефон и email.
4. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Последниот рок за пријавување е 15.01.2014 година
5. ОПИС НА СТИПЕНДИЈАТА
– Ќе се стипендира личниот развој на 5 најуспешни студенти од факултетите во Република Македонија кои ќе имаат привилегија да присуствуваат на Life Tools Academy (LTA), првата и единствена сертифицирана академија чија цел е да го надгради нивниот голем потенцијал преку стекнување вештини неопходни за успех во 21виот век. Преку оваа програма, стипендистите ќе научат да користат многу практични алатки, кои ќе им помогнат да си креираат сопствена маркетинг стратегија и да изградат личен бренд, да ја отклучат својата креативност и иновативност, да можат поефективно да комуницираат, продаваат, аплицираат за проекти пред домашни и странски донатори и сл., со што значително ќе си ги зголемат шансите за личен и кариерен успех, независно од тоа дали ќе работат за друг или ќе си започнат сопствен бизнис.
6. ВРЕДНОСТ НА СТИПЕНДИЈАТА
– Академијата се состои од 8 посебни модули во кои се предвидени обуки за користење на секоја од понудените 29 алатки, со вкупен фонд од 58 часа во времетраење од 3 месеци. Повеќе детали за академијата можете да најдете на: http://visionco.mk/wp/?page_id=1062
Вредноста на стипендијата изнесува 12,500 денари по учесник, при што избраните стиепендисти ќе се стекнат и со статус целосно членство во НАПАГ (www.napag.mk), искористувајќи ги сите бенефити што ги нуди оваа Асоцијација, како прва и единствена од овој тип во Република Македонија. Оваа активност е дел од проектот „Најуспешните студенти учат од најупешните претприемачи“ каде најуспешните компании за прв пат во Република Македонија го стипендираат личниот раст и развој на најуспешните студенти.
7. СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
– Процесот на селекција ќе се направи врз основа на пратените апликации, при што само селектираните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју. Кандидатите кои ќе бидат избрани да ја добијат оваа стипендија, ќе присуствуваат на академијата која започнува во февруари 2015 година.
Comments are closed.