Градоначалникот на општина Струмица, г-дин Зоран Заев, во склоп на проектот „Креативни млади за креативна општина“, продолжува со праксата на поддршка на иницијативи за личен развој на најталентираните студенти од својата општина. За таа цел, во соработка со Националната Асоцијација на Престижни Академски Граѓани (НАПАГ), го распишуваат овој оглас за
СТИПЕНДИИ
на 2 најдобри студенти од општина Струмица за присуство на сертифицираната академија за развој на креативни, иновативни и бизнис-вештини
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
– Студентот да има комплетирано најмалку една година од студии на прв циклус, на било кој од факултетите во Република Македонија
– Студентот да има просек повисок од 8.50
– Студентот да е жител на општина Струмица
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
– Фокопија од потврда или страница во индекс за заверен трет семестар или повеќе
– Приложен индекс
– Доказ за адреса со постојано живеалиште во општина Струмица
– Краткa биографија (CV)
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Студентите да се пријават електронски на [email protected] или на телефонскиот број 071 259 345 со оставање на податоци за нивно име, презиме, факултет, година, просек, контакт-телефон и email.
4. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
– Последниот рок за пријавување е 20.01.2015 година
5. ОПИС НА СТИПЕНДИЈАТА
– Ќе се стипендира личниот развој на 2 најуспешни студенти од факултетите во Република Македонија кои ќе имаат привилегија да присуствуваат на Life Tools Academy (LTA), првата и единствена сертифицирана академија чија цел е да го надгради нивниот голем потенцијал преку стекнување вештини неопходни за успех во 21виот век и кои се барани од работодавачите. Повеќе детали за академијата може да се најдат на: http://visionco.mk/wp/?page_id=1062
Дополнително, избраните стипендисти ќе се стекнат и со статус целосно членство во НАПАГ.
Една од целите на проектот е најуспешните студенти да учат од најуспешните градоначалници, при што најуспешните градоначалници за прв пат во Република Македонија го стипендираат личниот раст и развој на најуспешните студенти, за преку развојот на нивните креативни вештини да придонесат и за креативни општини и побрз локален развој.
6. СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
– Процесот на селекција ќе се направи врз основа на пратените апликации, при што само селектираните кандидати ќе бидат повикани на дополнително интервју. Кандидатите кои ќе бидат избрани да ја добијат оваа стипендија, ќе присуствуваат на академијата која започнува во февруари 2015 година.
Comments are closed.