Општи податоци
Име и презиме: Mарин Mладеновски
Факултет и циклус на студии: Правен факултет Скопје, додипломски студии
Семестар и просек: 6ти семестар, просек 9,60
Кои три досегашни твои активности /работни ангажмани би ги потенцирал/a како најважни за тебе?
1. Од 2011 година активно учество како волонтер во истражување, дизајнирање и аплицирање на проекти на домашно и странско ниво во НВО Академска Регионална Асоцијација – АРА, Скопје.
2. Практикант во Институтот за Демократија “Societas Civilis“ во периодот јули-август 2014 година, во рамки на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“; како набљудувач и оценувач на парламентарните дебати и повремено вклучување во мониторинг на медиумското известување за работата на собранието.
3. Од 2015 година волонтер во Здружението за Дислексија „Ајнштајн“, Скопје.
Кои се твоите три најсилни вештини?
- Добри организаторски и комуникациски вештини (писмена/орална презентација);
- Високо мотивиран со способност за планирање однапред, аналитичен, креативен, флексибилен, соработник и работник, позитивност и тимско работење;
- Одлично искуство и способност за работење и соработка во мултикултурна/мултиетничка средина, одлично познавање на англискиот јазик (Преп);
- Познавање на политиките на Европската Унија, стандардите, директивите и препораките (семинарска/проектна работа за Копенхагенските критериуми за земјите кандидати во ЕУ – Copenhagen Criteria for EU country candidates.
Кои се твоите три најголеми интереси/хоби?
Спорт и патување (запознавање на различни култури)
Кои три семинари/обуки на кои си учевствувал/а би ги издвоил/а како најважни?
1. 2011 година – мај-јули, обука за подготовка и имплементација на локален акциски план за антидискриминаторни политики во Општина Арачиново, Р.М., финансирано од Civica Mobilitas – CIRA, подржано од Швајцарската агенција за развој и соработка;
2. 2014 година – ноември, научен форум, дијалози за ЕУ политиките: Демократијата во ЕУ и улогата на националните парламенти од Фондацијата „Конрад Аденауер“, Центарот за Европски студии „Вилфред Мартенс“ од Брисел, Центарот за истражување и креирање политики од Скопје во соработка со научниот институт „Макс Ван Дер Штул“;
Каде се гледаш по завршувањето на образованието?
Мојот интерес е во насока на Меѓународното Право и Правото на Европската Унија.
Во моментот од голема важност ми е комплетирањето на моето образование – Мастер Студии кои исто така се однесуваат горенаведениот интерес.
Comments are closed.