Елизабета Мојсоска

Општи податоциЕлизабета Мојсоска

Име и презиме Елизабета Мојсоска

Факултет и циклус на студии додипломски студии:

Прв циклус на студии:

Европски Универзитет – Факултет за комуникации и медиуми (9,89),

Втор циклус на студии:

Универзитет за Туризам и менаџмент – Скопје – Факултет за односи со јавноста ( Магистер менаџер по Односи со јавност – 9,94)

 

Кои три досегашни твои активности /работни ангажмани би ги потенцирал/a како најважни за тебе?

Со оглед на тоа дека Односите со јавноста ,како професија, се во развој во Република Македонија, за мене како почетник во оваа област, од особено значење беше работењето како новинар во националната ТВ Сител, така што имав можност да научам како функционира телевизијата, што сака да гледа публиката, кои информации и како треба да се пласираат во јавноста, но и каков тип информации сакаат да добијат новинарите од лицата задолжени за односи со јавноста во институциите. По стекнатото искуство таму, работењето го продолжив во Дирекцијата за заштита на лични податоци во функција на лице за односи со јавноста, каде имав можност да се соочам со сите предизвици што ги носи работењето. Работата во маркетинг агенција „Brand Union“ ми донесе шанса да научам како функционира on line маркетингот, организација на кампања, интернет рекламирање и сл. Паралелно со тоа, организацијата на голем број настани или како што уште популарно се нарекуваат „events“ беше само дополнување на практичното искуство за сите сегменти на односите со јавноста. Во моментов ми е посебно драго што сум дел од тимот на компанијата „Жито Прикеп“ во својство на менаџер за маркетинг и односи со јавност, каде што заедно со новиот менаџерски тим сме максимално посветени на развој на нови и исполнување на зададените стратегии за подобрување на кавлитетот, зголемување на производството како и подобрување на имиџот на компанијата и промоција на многу нови производи.

 

Кои се твоите три најсилни вештини?

  • Мотивација за работа и успех.
  • Отвореност и креативност
  • Стручно знаење од областа на комуникологијата како наука во целост

*Потенцирам, од моето досегашно лично искуство, личните особини, сличните ставови со работодавецот и стручните знаења и вештини ве прават да бидете вистинската личност за соодветното работно место.

 

Кои се твоите три најголеми интереси/хоби?

Можеби звучи многу чудно, но мојата амбициозност и желбата да се научи нешто ново, да се дојде до нов предизвик и адреналинот и среќата кога истиот е остварен, ме натераа секојдневно да ги проверувам огласите за работа и да испраќам CV во речиси секоја компанија која има отворено работно место согласно моите  стручни компетенции. Понатаму, учење странски јазици, секојдневните физички активности  на отворено или во сала, сакам да патувам  а со оглед на тоа дека моментално работам во компанија за производство на леб и бели пецива, кај мене, сѐ повеќе се развива интересот да учам и да истражувам за она што се нарекува здрава храна.

 

Кои три семинари/обуки на кои си учевствувал/а би ги издвоил/а како најважни?

Како особено драго искуство ќе го наведам мојот престој на Универзитетот во Нови Сад, на катедрата за новинарство при Филозофскиот факултет, за време на постдипломските студии каде со колегите од регионот изработивме Анализа на дискурс, секоја за земјата од која доаѓа,  за известувањето на печатените медиуми по однос на временските непогоди кои го зафатија подрачјето на Балканскиот полуостров, но и светот.

 

Каде се гледаш по завршувањето на образованието?

Во моментот сум ангажаирана како Менаџер за маркетинг и односи со јавност во компанијата за производство на леб и бели пецива „Жито Прилеп“ АД. Секако не застанувам тука. Би сакала да запишам докторски студии од областа на Маркетингот и деловното комуницирање и еден ден да бидам Менаџер за односи со јавноста на некој светски познат бренд.